|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

bebushkaa: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 14.2.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Детали

Ник: bebushkaa

Датум на породување: 19.12.2010 година

Тип на породување: природно

Болница: ГАК

 

 

Искрено, цели девет месеци се плашев и размислував како ќе го издржам тој ден, денот на породувањето. Не верувам дека има некој што се плашел повеќе од мене. Терминот ми беше 17-ти но некако како да чувствував дека ќе го дочекам Свети Никола. Ноќта пред тој празник почувствував болки, но тие беа далеку од вистинските. Малку сум паничарка па со сопругот одлучивме да отидеме до ГАК за секој случај. Бев три прсти отворена и докторката ми рече да се вратам за еден час. Имаше многу снег па ја замолив да останам. Ме примија во патолошка. По само еден час јас заспав без никакви болки и се разбудив дури во 9 часот утрото со минимални болки. После прегледот веќе бев примена во породилно чекајки го моментот. Околу 11 и 30 ми го пукнаа водењакот па дури тогаш почувствував какви се всушност породилните болки. Побарав анестезија но веќе бев 8 прсти отворена и тоа не беше возможно. Ми ставија нешто минимално за да ми олеснат и во 13 и 30 бев на бокс спремна и психички и физички да се соочам со моментот кога јас се претворив во ние. За неполни пет минути со огромна соработка со докторите и сите присутни јас на свет ја донесов мојата ќеркичка, најубавото нешто што ми се случило во животот. Кога се издишив и кога мислев дека веќе е готово, кога го гушнав и бакнав тоа прекрасно суштество во моите раце, се случи проблем со плацентата. Некако била подврзана за матката и за да ја извадат мораше да ме успијат на неколку минути и да ме боцнат со анестезија. Малку се исплашив, но немаше доволно време за страв затоа што веднаш ме успаа и кога се разбудив беше се готово. Да не заборавам да напоменам дека тоа беше најдобрата екипа на доктори, сестри, акушерки, болничари и се останато што беше присутно во тој момент. Немав никакви врски а бев третирана како кралица. Ни најмалку не очекував таков однос од целата екипа, а верувајте не знам ни едно име и презиме од оние кои ми го разубавија и ми го олеснија тој ден. Секако и денот беше таков па после се, само се прекрстив и се заблагодарив на Свети Никола што денот за кој се плашев цели девет месеци, ми го направи среќен, безгрижен, безболен и ден кој секогаш ќе го паметам само по убаво. Верувале или не, веќе размислувам за уште едно такво суштество кое ќе и прави друштво на мојата принцеза, иако поради проблемот со плацентата треба да почекам најмалку две години. Како и да е, од 19 Декември 2010 година јас сум најсреќната мама на овој свет и исто така горда сопруга која што им го донесе најубавиот новогодишен подарок на тато, баба, вујко.....и сите останати кои секојдневно не опсипуваат мене и мојата ќерка само со насмевки и позитивна енергија. За крај, на сите идни мамички им посакувам моментот кога од јас се претвораат во ние, да им биде приближно лесен и безболен како мојот и да го паметат како едно убаво искуство во животот кое ќе сакаат да им се повтори барем уште еднаш...

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на ќеркичката на bebushkaa !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Различни позиции на бебињата во матката
За време на бременоста, бебето во текот на својот развој се движи во неколку различни позиции. Како што се приближува да...
3
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
2
Како порано се правеле тестовите за бремен...
Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...
2
Тестови за бременост
Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
2




Анкета

/
Jana9

Dali odite vo kino so svojot partner?

Da (0%)

Ne (100%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!