|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Andriance: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 7.5.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/211


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Andriance

Датум на породување:   15.09.2011 година

Тип на породување: царски рез

Болница: Ре Медика

 

 

Не знаев ни од каде да ја почнам мојата породилна приказна....а сакав да ја споделам со сите вас...се изначитав еден куп и додека бев трудна и откако го добив мојот ангел...

Целата приказна околу врската, бракот, свадба, бебе е “шпанска серија”, ама тоа во друга прилика.
Бевме заедно едвај 4 месеци, иако се знаевме добри 8 години. Јас штотуку излезена од една долга врска, воопшто не ми беше до нешто сериозно. Се погодија еден куп предновогодишни прослави, па сама Нова Година..и може да замислите колку алкохол се исконзумирало...Се разболев за прв пат после добри 5-6 години, ми дадоа и терапија, а јас не ни забележав дека ми доцни цели 10 дена, мене чија “тетка” не задоцнила до тогаш ни еден ден. Направив и крвна слика па си реков ајде и тоа нека го проверат. По неколку часа се вратив по резултатите, но немаше кој да ми ги прочита. Се најде една докторка ми вика ”ооо па тебе не ти направиле тест” - ми се стемни - ”всушност, ти направиле, ајдее мекици ќе јадеме – еве пишува gravida”...

Солзи колку сакаш, ама во тој момент не ми се верува дека беа од радост. Се јавив одма кај сопругот и му реков - како знаеш и умееш да се нацрташ тука – трудна сум. Не ми се веруваше ни дека јас го кажувам тоа. Мојот картон се уште беше во детско. Сопругот едвај ме најде. Морав да испијам едно кафе на екс. Да ме убиеш не знам како за 10 мин веќе мирно правев муабет на таа тема. Сопругот беше најпрекрасен, паднаа веднаш и муабетите за свадба..

Целата бременост ми беше како по книга. Веќе на првиот преглед го чувме срценцето, си размислуваме и за полот, за името. Паралелно се спремавме и за свадба. Колку само сакав девојче, да се вика Бела...

Дојде и тоа, а докторот само што што го почна прегледот вика – еве еден убав дечко. Истиот момент се фатив себеси како сум најгорда на свет што носам машко.

Името веќе беше избрано - Андреј. Помина и свадбата, мама се изнаигра. Дојде и одморот - мама и бебе се изнапливаа. На работа си одев нормално, се чувствував прекрасно освен што не престанав да качувам многу на тежина - дури 22 кгр. Поминав уште неколку свадби па и викенди на море. Бебето одлично си растеше, а ние полека го дочекавме и септември.

Терминот ми беше на  12.09.2011 год. Полека почнаа и подготовките...Многу нешто не се притресував околу истото. Андреј веќе имаше се од своите другарчиња, дури и премногу.  Јас сирота ни Б од болки ни К од контракции – макар лажни. Си спиев супер и си чекав. Ги поминавме сите кошаркарски еуфории, го поминавме и терминот...

Решив да се породам во Ремедика,таму веќе одев секој ден на ЦТГ. Доктор Ефремовски беше најпрекрасен. На 14.09. ме прегледа и ми вика ”јас не чекам повеќе, утре во 7h биди  тука, почнуваме”. Се договоривме да почнеме природно. Не кажав никому. Освен сопругот,  знаеше и една многу блиска пријателка која тој ден случајно беше во Ремедика па  дозна. Утрото се нацртав во болница со четката за заби и лаптопот, секако да им соопштам на рингерајки, хаха. Таму се чувствував како дома. Полека почнаа да ме подготвуваат, веднаш ми ставија епидурал  и мераци. Кошарка, сопругот тука, другарите тука. Ми рекоа дека не смеам веќе да јадам ни да внесувам течности. Соработував прекрасно со докторите, се си беше како што треба. Секој час по еден прст, стигнав и до 8 прсти отворена. Ми го пукнаа водењакот и му се јавија на мојот доктор да дојде бидејќи сум подготвена. Уф, ниту сега не можам да сфатам како можев да останам толку мирна и присебна.

Дојде и мојот доктор, ме прегледа и вика – Мајка, брее бебево не можам ни да го пипнам, кај се качило?? Решија да ме почекаат  уште еден час со посилни провокации. Јок бре,  инаетчија уште од мало. Докторот едноставно не можеше да дојде до него. Падна договор, одиме на царски рез. Тоа е, си реков, само да биде како што треба. Ме подготвија и за  5 минути се најдов во операциона сала. Таму што убаво си пее Жељко...

Влезе и педијатарот Марина. Ми кажа дека се снабдила со апарат за да ми го слика бебето. Ама мене како што ме дал Господ, си се изнапив сок од јаболко мислејќи не важи веќе тоа за јадењето и пиењето и толку - се исповратив на сите страни и веднаш ми ставија целосна анестезија.

Се' се случи буквално за 5 мин. Јас се разбудив по 1 час. Не бев ни во состојба да зборувам, само прашав за бебето. Одлично е! И толку, се освестив пак дури утрото. Дојде сестрата која ја знаев приватно да ми го донесе ангелчето со мноогу коса, буцко мој, тежеше цели 3440гр и беше долг 51цм. Бонбонче. Почнаа посети, подароци,  моите најдраги беа со мене тие денови. Не се ни сеќавам на болките само помнам дека првиот ден дојде мојата старосватица и и реков. Прашај ме сега колку боли зашто за еден месец ќе ти речам дека не болело ништо. Боли, ама сепак вреди! Вреди за цел живот!

Една вечер после полноќ дојде мојата омилена сестра Дијана и ми вика -  Андрианче, докторката прашува дали може да ти го донесам Андреј, најаден е, избањан,пресоблечен, сака само малку да се погалите и погушкате???? Е тоа е моментот која Јас се претворив во Ние, едноставно се стопив.

Андреј и денес е еден  големо галениче. Веќе јаде се, беше на зимовање, се подготвува за летовање, има цели 7месеци 10 дена.


Не би го менувала ни за десет девојчиња!

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Андреј !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Очекуваат свои и близнаци од сурогат мајка
Брачен пар, кој се обидувал да добие бебе цела деценија, сега очекува четири бебиња, бидејќи и мајката и сурогат мајката...
4
Треба да јадам за двајца!?
Во првото тромесечие од бременоста на Вашето тело не му треба внесување на дополнителна количина калории од вообичаените...
3
Правилна исхрана во 3-от триместар од брем...
Откријте која храна ви треба вам и е потребна за развој на вашето бебе во третиот триместар од бременоста ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?