Според студија од 2007 година објавена во списанието „Развојни истражувања“, околу една третина од малите деца во одреден момент ќе развијат „интензивен интерес“ за некоја тема - а една од најпопуларните е опсесијата со диносаурусите
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Ако вашето дете има опсесија со диносаурусите и го знае секој факт за Т-Рекс - опуштете се и уживајте! Зошто? Па, вашиот љбител на дино има тенденција да биде со надпросечна интелигенција и со зголемен опсег на внимание, ќе може подобро да се справи со јазичните вештини и да обработува информации. На кратко, децата кои сакаат диносауруси ќе бидат подобри и попаметни студенти, за што сведочат три одделни студии посветени на, како што велат научниците, „интензивни интереси“.
Сè уште не е познато што го предизвикало овој интерес, но сигурно е дека децата на возраст од две до шест години можат да именуваат повеќе диносауруси отколку нивните родители. Детскиот психијатриски терапевт Кели Чен верува дека ова е доказ дека можете да научите без да знаете дека го правите тоа. „Поставување прашања, наоѓање одговори и стекнување експертиза е општ процес на учење. Истражување на темата и нејзино усвојување е корисно затоа што така го обликуваме знаењето “, објаснува Кели Чен и додава дека основната професија на децата е игра, така што тие најдобро учат преку неа. Фактот што децата сакаат да покажат дека знаат повеќе и подобро од нивните родители, исто така игра голема улога.
„Ако родителот може да именува три или четири вида диносауруси и детето 20, тоа ќе развие чувство на авторитет“, рече палеонтологот Кенет Лаковара. Студијата открива дека интересот на децата за одредена тема значително се намалува помеѓу шест месеци и три години, но она што децата го учат преку својата опсесија останува трајно за цел живот.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Како да се изградат здрави граници со роди...
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата, која често останува силна и во зрелите години. Но...
4
Семејни активности што ги зближуваат децата
Семејството е првото место каде што децата учат љубов, доверба и припадност. Но вистината е дека близината не се случува...
4
Генијална мајка која го воодушеви цел свет!
Сите родители кои имаат тинејџери, знаат колку родителството може да биде стресно и напорно, а децата тврдоглави и полни...
4
Опасности што се кријат во базените
Летото е време за одмор, освежување и забава покрај базен, но зад кристално чистата вода често се кријат невидливи опасн...
3