|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

33 причини зошто мајките доцнат

Jenny isenman, 20.2.2014
Порано се оправдував со нормални работи – мојата коса не беше убава, мојот будилник не заѕвони, имаше густ сообраќај...Сега, моите изговори изгледаат вака:
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Јас никогаш не бев неверојатно точна личност, но откако станав родител имам целосно нова палета на оправдувања зошто доцнам на состаноци, на работа, на училиште и на забави. Порано се оправдував со нормални работи – мојата коса не беше убава, мојот будилник не заѕвони, имаше густ сообраќај...Сега, моите изговори изгледаат вака:

 

Жал ми е што доцнам, но...

  1. Ќерка ми не можеше сама да ги облече чорапите.
  2. Двете деца мораа да какаат кога рековме дека ја напуштаме куќата.
  3. Не можев да си ги најдам клучевите. Ми беа во новчаникот.
  4. Моите деца се степаа кој на кое седиште да седи во колата.
  5. Мојот син одлучи да се бори со кучето во моментот кога требаше да излеземе низ вратата, па моравме да го чистиме крзното од неговата облека.
  6. Одеднаш, ниту едни чевли не беа во пар. НИТУ ЕДНИ.
  7. На излегување почнаа да ме прашуваат од каде даѓаат бебињата. Не им се допаѓаше одговорот па се држеа за кваката од вратата.
  8. Пред излегување детето толку се извалка што морав да го бањам и целосно да му ја менувам облеката.
  9. Мојот син си го одери коленото на пат кон колата.
  10. Одеднаш моите деца станаа премногу жедни, па морав да им купам пијалаци. Потоа им текна и дека се гладни.
  11. Никој не ме слушнал иако 20 пати реков “Време е да одиме!”, со различна јачина на гласот.
  12. Ќерка ми почна ненадејно да плаче за некоја случка од пред неколку часови. Реков часови? Мислев денови.
  13. Моите деца се тепаа за тоа кого кучето сака повеќе.
  14. Беше крајно време некој да праша за тоа што се случува во пубертетот...и да не биде задоволен со одговорот.
  15. Не можев да си го најдам телефонот...ми беше во рака.
  16. Син ми доби треска на пат кон колата.
  17. Кучето не дочека да му ја отворам вратата...па уринираше на подот во кујната.
  18. Син ми пронајде какушка од куче...со патиката.
  19. Моите деца се степаа која радио-станица да свири.
  20. Син ми се сети дека заборавил да напише домашна.
  21. Беше супер време некој да праша за хомосексуалноста.
  22. Ќерка ми се пресоблече 13 пати, за да почувствува дека ја најде вистинската комбинација.
  23. Моите деца си ги удрија главите влегувајќи в кола.
  24. Син ми си го повреди лактот.
  25. Моите деца се расправаа чиј јазик е подолг.
  26. Ќерка ми одлучи дека мора да се чисти и преврзува старата рана на ногата. Откако не можевме да ја најдеме раната, бидејќи поминала, чистевме, мачкавме и стававме завој таму каде што се сеќававме дека беше.
  27. Не можев да си ги најдам наочарите. Тие ми беа на очи.
  28. Ќерка ми одлучи да ти нацрта нешто. Мора да ти се допадне.
  29. На излегување од дома утврдивме дека го нема плишаното мече со кое не си играле со месеци. Моравме се' да превртиме дома за да го најдеме. И не го најдовме.
  30. Мојот син падна од автомобилот додека влегуваше.
  31. Не можев да си ги најдам децата. Ме чекале кај автомобилот.
  32. Ќерка ми сфати дека заборавила да стави долна облека под фустанот.
  33. На ќерка ми и се скрши ноктот и беше нервозна.

 

 

Имате и вие некое чудно оправдување?
Додадете го.

 

:)

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Торта Пеперутка - со готови кори Винчини
Направете ја оваа убава торта за роденденот на вашето малечко девојче
5
Кога ќе имам дете нема да му дозволам...!
Дали се сеќавате на речениците и ветувањата кои сте ги дале пред да станете мајка? Ве потсетуваме на некои од нив...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Избираме најубава творба: Андреј Трајковски
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати наставничката на Андреј...
4




Анкета

Ve molam za sovet
zbuneta1

Brenena sum 4 meseci potocno 16 nedela ,ne abortiran na vreme zosto mi kaza deka ke bideme zaedno i na krajme ostavi sama.Pomoglete mi sto da pravam da go zadrzam ili da abortiram zosto i samata neznam sto bi bilo ispravno ?

da go zadrzam (88%)

ili ne (12%)


Број на сите гласови: 285

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!