vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Кои се местата на кои ги има најмногу?
1. Мијалникот во кујната
Кога станува збор за присуство на бактерии дома, првата асоцијација е со тоалетот. Во реалноста, сепак кујната можеби е богата со нив. Бактериите најчесто се кријат во кујнските крпи за чистење.
Влагата и микроскопски остатоци од храна се идеална средина за развој и размножување на бактерии како Ешерихија коли, салмонела и стафилокок. Сифонот и мијалникот исто така често се населуваат од бактерии.
Чистењето само со вода не може ефективно да го отстрани бактериите. За таа цел е потребно да се користи детергент, потоа мијалникот да се исплакнат со разредено белило и вода. Препорачливо е да го правиме тоа еднаш неделно.
2. Далечинскиот уред
Кога сме болни, обично легнуваме на креветот и го пуштаме телевизорот ... со далечинскиот управувач. Тој многу често се испушта на земјата, околу и врз него се кашля, кива, секој го допира. Сето ова го прави плодна почва за бактерии, која, меѓу другото, и тешко се чисти.
Најзгоден начин за да се дезинфицира е со влажни марамчиња. За да не загадуваме далечинскиот треба редовно да ги миеме рацете, а него да го чистиме секоја недела.
3. Четката за заби
Уште една идеална средина за развој на бактерии. Таа е влажна, се користи два пати дневно и се наоѓа во бањата. Кога ја користиме четката за заби, обично ја оставаме додека е уште влажна. На овој начин во неа се собираат бактерии од мијалникот, кадата и дури тоалетот.
Наместо тоа, препорачливо е да ја оставиме четката за заби на суво место за да има можност да се исуши. Исто така треба да се користи антибактериска вода за уста, која ги уништува бактериите.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Желудочни киселини во првиот триместар
Покрај мачнината и заморот, првите недели од бременоста кај некои жени...
Исхрана за подобра плодност после 30-тите
По 30-тите, грижата за репродуктивното здравје станува уште поважна. ...
Пред двете цртички, не заборавајте на фолната киселина
Грижата за здравјето на идното бебе започнува уште пред да се појават ...
Дали во бременоста треба да пиете повеќе течности?
Поголемата жед во бременоста не е необична. Телото постепено се приспо...
Кај некои жени симптомите се појавуваат само неколку дена пред менстру...