|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто некои пациенти преживуваат ебола, а некои не

Редакција Рингераја, 27.10.2014
Луѓето кои биле цимери со првиот заразен пациент во САД излегуваат здрави од карантин. И додека Томас Ерик Данкан не преживеа, постојат и примери кој даваат надеж – медицинска сестра во Шпанија се опорави од ебола, како и четири хуманитарци од САД
Клучни зборови:

image
/11


 

Дури ни таму не се сите случаеви смртоносни, пишува “Huffington Post”.

Зошто некои луѓе успеваат да го победат овој вирус, а некои не?

Еболата се шири преку контакт, било дали преку допирање на отворена рана или допирање на носот и очите со заразени раце.

Кога ќе се најде во телото, еболата ја напаѓа првата линија на одбрана од нашиот имунолошки систем, блокирајќи ги неговите повици за помош.

Вирусот се репродуцира со голема брзина, заразувајќи разни врсти ќелии пред системот да ја препознае заканата и да почне да се бори.

Дури кога ве телото вирусот добро ќе се прошири, тогаш се појавуваат првите симптоми – температура, болка на мускулите, главоболка, суво грло, повраќање.

Не е познато зошто еболата има различен пристап кај различни личности. Меѓутоа, колку брзо ќе се појават симптомите зависи од количината на вирус на која личноста била иницијално изложена.

Светската здравствена организација објаснува дека најмногу од вирусот се најдува во крвта, повраќаницата и изметот.

За ебола не постои одреден третман, но специјалисти тврдат дека внесувањето на интравенски течности, како и одржување на крвниот притисок е клучно за на телото да му се даде доволно време да се избори со вирусот.

Интензивната дијареа и повраќање можат да доведат до дехидрација, додека во најлошите случаеви крвните садови на пациентите почнуваат да им “течат”, предизвикувајќи паѓање на крвниот притисок до опасно ниски нивоа.

Се потпираме на одбраната од телото да го контролира вирусот. Мораме пациентот да го одржиме доволно долго во живот за неговото тело да успее да воспостави контрола над инфекцијата“, тврди др. Брус Рибнер од Ејмори универзитетската болница во Атланта која успешно излечи три заразени со ебола и сега се грижи за една од медицинските сестри од Далас.

Меѓутоа, преживувањето зависи и од тоа колку брзо пациентот ја добил потребната нега, како и неколку фактори кои не се во нашите раце.

Научниците сметаат дека важен фактот е и почетната реакција на имунолошкиот систем – дали премногу бели крвни зрнца умираат пред да започнат борба со вирусот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

17 години Meѓународна ликовна колонија „Де...
Ликовни уметници од Германија, Србија, Саудиска Арабија, Црна Гора, Грција и Македонија ќе бидат дел од 17-тото издание ...
4
Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
3
Подароци од Саносан за најдобриот форумџија!
Бидете активни на Рингераја.мк и добијте подарок! САНОСАН доделува пакет производи и подароци за најактивниот форумџија ...
3
СРЕЌНА НОВА 2014 ГОДИНА
Нека ви се расипат плановите, но НЕКА ВИ СЕ ИСПОЛНАТ СИТЕ ЖЕЛБИ, копнежи и страсти...сето она што од сушноста ви доаѓа! ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?