|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Здрава храна – паметно дете!

Редакција Рингераја, 5.9.2026
Моќно железо, “Паметни” јаглехидрати, Силата на протеините, Неодминлива Б група!

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Моќно железо

Железото е од витално значење за правилен развој на мозокот. Знаејќи дека резервите од овој минерал во организмот на бебето траат шест месеци, треба да се надомести со соодветна храна. Добри извори на железо се: зелениот листест зеленчук (спанаќ, блитва, коприва) и црвено месо (јунешко и јагнешко).

За да се апсорбира што подобро потребен е витамин Ц (портокал, домат). Многу железо има и во интегралните житарици, сушеното овошје и пилешкиот џигер.

 

“Паметни”  јаглехидрати

Мозокот на бебето не одмора ниту кога бебето спие. Тогаш собраните податоци ги претвора во знаење. За да се развива овој процес без проблеми, на мозокот потребна му е многу енергија. Најдобро гориво за работата на мозокот се јаглехидратите, кои се наоѓаат во житариците, тестенините, овошјето и зеленчукот. Избегнувајте слатки јаглехидрати кои се наоѓаат во слатките и колачите.

 

Силата на протеините

За да се пренесат информациите брзо и ефикасно до мозокот, во исхраната на бебето потребно е да се внесат протеини. Тие се богати со аминокиселини кои содржат неуротрансмитери, без кои размената на информациите меѓу мозочните ќелии е многу намалена. Нашето тело не може да складира протеини, затоа е потребно да се внесуваат преку храна. Затоа во исхраната на детето треба да се воведе боранија, соја, леќа, сите видови месо (освен свинско), бело сирење и јајца и риба.

 

Неодминлива Б група

За бебињата најделотворни се витамините од Б групата. Нив ги има во интегралниот леб, бананите, житариците, гравот, зелениот зеленчук и млекото.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да го намалите повраќањето кај вашето...
Повраќањето или враќањето на млекото кај бебињата е чест појава, особено во првите месеци. Иако најчесто е сосема нормал...
4
Мед од манука - најмоќниот природен антиби...
Што претставува медот од манука и зошто тој е најмоќниот природен антибиотик? Со што медот од манука е поинаков од остан...
4
10 начини како да бидете фантастична баба ...
Современи баби и дедовци не само што чуваат, тие инспирираат, водат и сакаат без граници.
3
Само машки, само женски деца. Случајност и...
Многу семејства имаат искуство каде сите деца се од ист пол. Некои мајки раѓаат само машки, други само женски деца.
3




Анкета

машко или женско
selma

Дали посакувате или замислувате какво ќе Ви биде бебето и што навистина сакате да добиете?

Машко (27%)

Женско (31%)

Близнаци (14%)

Машко и машко (4%)

Женско и женско (6%)

машко и женско (18%)


Број на сите гласови: 112

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!