|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

ЗА ДЕЧИЊАТА, МАЛИТЕ СТРАДАЛНИЦИ

Булеварко, 16.11.2014
Во една Ромска населба, недалеку од својата трошна куќа, полицијата го најде безживотното тело на тригодишниот Чинар...Во децата останува дел од нашата душа! Каде ќе ни оди душата ако тие заталкаат?
Клучни зборови:

image
/11


 

Прегладнето и премрзнато, едно дете чии чекори засекогаш застанаа под ведрото небо, далеку од топлата родителска прегратка треба нам таканаречените луѓе, веќе еднаш да не предупреди. Да ни опали еден здрав шамар за будење ида престанеме да бидеме соучесници на детското страдање. Чинар е само еден пример од илјадниците дечиња кои страдаат во нашето опкружување. За оние од Африка, барем декларативно се грижат оние марионети од ООН. Но за оние мали страдалници кои секојдневно ги гледаме близу до нас можеме барем да крикнеме, можеме барем да лупнеме со раката на маса и да кежеме СТОП!!! 
Секојдневно ги гледаме по булеварите како го дишат дериватот. Како издрогирани спијат за  оние кои ги изнајмиле со нив да просат, како спијат по подруми, принудени да крадат и да ја извалкаат својата пречиста душа. Во децата останува дел од нашата душа! Каде ќе ни оди душата ако тие заталкаат?


Кој тоа ја руши природата на детето и за ситен профит го краде неговото детство?Системот нив не ги заштитува туку е нем на нивниот плач...На нивната смрт! Ниту се одбранети од педофилите, ниту се одбранети од своите родители кои ги гледаат само како бројка што треба да се истури по ракрсниците и навечер да донесат пари. Додека истите тие монструми се пијанчат под некој чардак, ја теслачат својата претепана жена и до нив гори преполното ќумбе со дрвенарија и остатоци од некој мебел, некои деца по сокаците мрзнат. Да...додека тие се (цензурирано) и од нив испарува брливата ракија, нивните деца ја живеат својата голгота по раскрсници или во казнено поправни установи.


Понекогаш сум му лут на Бога и го прашувам:
Зошто Боже на вакви луѓе им даваш пород? Зошто Боже оние кои мечтаат да гушнат свое чедо се лишени од таа радост? Дали е тоа парадоксот на нашиот живот за кој секогаш треба да имаме разбирање и да го прифатиме со мирна душа? Не! Ова не е фер. Зашто детските души доаѓаат во домовите и во животите на монструмите? Зарем Чинар не можеше да се роди во некое нормално семејство???


Одговор на овие прашања секогаш ќе барам како и прашањето упатено кон оние невладини организации кои на секоја ваква трагедија излегуваат со сопствено режиран циркуз за да  ја искористат трагедијата и да ги оправдаат своите средства кои им течат од разни фондови у некој штос као ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО!!!


Видовме колку ги заштутувате децата! Видовме за какво општество се изборивте и колку ви се битни оние кои се везден ги спомнувате кога е иднината на оваа држава во прашање. Реалноста е сосема друга господа! Децата мрзнат по училиштата, децата просат по улиците пред очите на надлежните, децата паѓаат под отворено небо од прегладнетост и изнемоштеност и тука завршува нивното кратко детство. Воспитувачките во нивните градинки го јадат туѓиот срам и бараат од родителите ситнеж за да се купат боички, телевизор, ДВД и разен прирачен прибор.... Наспроти целиот параспурулук кој го гледаме наоколу нас и нелогично потрошените пари, дечињата кои први зачекоруваат во својот живот се лишени од своето право да бидат деца!? Умрена е вашата политика Господа. И на вам левите и на вам десните. Можете декларативно да зборувате но фактите се поразителни. Децата во Македонија, и оние кои сеуште тука се раѓаат имаат труло тло...Секој чекор им е неизвесен и во секој момент можат да бидат зграбени од канџата на скапаниот систем. Помина времето за бистрење политика. Како луѓе и како родители треба конечно да се ставиме во улога на директни жртви...како да сме ние родители на оние деца за кои никој не плаче. Обична нумеричка категорија. Гола статистика на родени и умрени..

Освестете се...Чинар умре, но ние сме повеќе мртви од него. Иако зборуваме и памет наоколу продаваме....

 

НАПИША: БУЛЕВАРКО                                 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
3
Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
3
Кој е најфорумџија на Рингераја изминатиов...
Кој наш член имаше најмногу постови на форумите на Рингераја.мк?
3
Ново на Рингераја – Детско катче на албанс...
Проектот „Детско катче“ на албански јазик на интернет-страницата Рингераја.мк го овозможи Министерство за култура на Реп...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?