Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
/11
Иако понекогаш започнува со благи симптоми, доколку не се лекува навреме може да доведе до сериозни компликации, вклучително и проблеми со плодноста.
Што претставува воспалението на јајниците?
Оофоритисот е воспалителен процес на еден или двата јајника. Често не се јавува самостојно, туку како дел од пелвична воспалителна болест, при што инфекцијата се шири од вагината и матката кон јајцеводите и јајниците.
Причини за воспаление на јајниците
Најчестите причини се:
Симптоми што не треба да се игнорираат
Симптомите може да бидат различни по интензитет како:
Кај некои жени, симптомите може да бидат благи, но инфекцијата сепак да напредува.
Како се дијагностицира?
Дијагнозата вклучува: гинеколошки преглед, ултразвучен преглед, лабораториски анализи (крв, брисеви) и тестирање за сексуално преносливи инфекции. Раната дијагноза е клучна за успешно лекување.
Зошто навременото лекување е важно?
Нелекуваната упала на јајниците може да доведе до:
Како се лекува?
Лекувањето зависи од причината, но најчесто вклучува: антибиотска терапија, одмор и мирување, аналгетици по препорака на лекар и избегнување сексуални односи за време на терапијата. Важно е терапијата да се заврши целосно, дури и ако симптомите исчезнат порано.
Може ли да се забремени по воспаление на јајници?
Во многу случаи може, особено ако воспалението било откриено и лекувано навреме. Кај жени со повторливи или нелекувани инфекции, може да има последици врз плодноста, па затоа редовните гинеколошки контроли се од исклучително значење.
Како да се заштитите?
За заштита од овие воспаленија потребно е да правите редовни гинеколошки прегледи, да имате заштитени сексуални односи, да се грижите за вашиот имунитет, а ако веќе се открие воспаление на јајниците или било какви инфекции кои водат до тоа навремено да се побара помош и да се лекуваат.
Воспалението на јајниците не е состојба што треба да се игнорира или состојба за која треба да мислиме дека ќе помине сама по себе. Раното препознавање и соодветното лекување ја штитат не само моменталната состојба, туку и репродуктивното здравје на жената на долг рок.
12
6
6
5
забава Бремените
Автор: bobik
Што да очекувате во првите 24-72 часа по породување?
Првите денови по породувањето се период на големи промени, телото се о...
Прва помош при повреда на глава
Повредите на главата може да изгледаат безопасно на прв поглед, но пон...
Мајчинство на повеќе деца: хаос, љубов и магија
Да се стане мајка е голема животна промена, но кога семејството расте ...
Што е базална температура и зошто е важна?
Базалната температура е најниската телесна температура што телото ја и...
Најважни здравствени навики за здрава бременост
Бременоста е период кога секоја навика може да има влијание врз здравј...