|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Вакцини и странични ефекти - мит или реалност?

Др. Јордан Георгиев, 5.10.2016
Вакцините, како и секој друг лек, можат да предизвикаат несакани дејства. Повеќето постоечки вакцини се со докажан безбедносен профил и затоа сериозните несакани ефекти се јавуваат многу ретко

image
/11


 

Важно е да се напомене дека благодарение на широката употреба на вакцините, човештвото се "спаси" од голем број смртоносни болести кои земале милиони жртви секоја година.



Во медицината уште од антиката постои постулатот Primum non nocere! (Пред се не штети!). Основното правило е при назначување на секој третман, истражување, превенција, итн да се процени односот корист - ризик за пациентот. Во овој поглед ризикот од несакани ефекти при апликација на вакцината е многу помал во споредба со потенцијалната корист која ја носи таа, да го штити организмот од смртоносни болести.



Сепак различните вакцини можат да имаат некои несакани ефекти, од кои повеќето се благо изразени. Тие вклучуваат:

Болка на местото на апликација на вакцината. Таа обично поминува во рок од неколку дена.

Привремената болка, која се предизвикува за време на апликацијата и потоа, обично води до развој на страв од вакцинирање. Ова исто така може да се нарече пропратен ефект на вакцинацијата. Познато е дека 1 од 10 лица избегнува ставање на вакцина токму поради овие причини.

Црвенило и оток околу местото на вакцинирањето.

Во овој случај од корист може да биде поставувањето на ладни облоги на местото на апликација. На овој начин се олеснува локална реакција.


Краткотраен симптом на грип.

Тоа вклучува: благо зголемување на температура, повраќање, болки во стомакот, главоболка, раздразливост. Овие несакани ефекти се јавуваат кај 1 на 4 вакцинирани деца. Се појавуваат кратко време по апликацијата на самата вакцина и би требало да исчезнат во рок од 1 до 2 дена. Во случај симптомите да продолжат подолго време или да се посилно изразени, потребна е консултација со лекар.



На друг начин стои прашањето при вакцинирање со вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола. Таа е составена од три компоненти против соодветните инфективни причинители. Обично страничните ефекти од оваа вакцина настапуваат малку подоцна:

По 6-10 дена почнува да "работи" вакцината против мали сипаници. Тоа може да предизвика треска, морбилиформен исип по телото, нарушување во апетитот.
По 2-3 недели вакцината против заушки може да предизвика паротитоподобни симптоми - покачена температура и зголемени лимфни јазли.
По 12-14 дена рубеолната компоненти може да предизвика благо покачена температура и осип.



Третман по вакцинација

Обично телесната температура е само малку зголемена. Она што може да направите е да го оставите детето само со 1 слој облека. Давајте му повеќе течности, а ако доите - правете го тоа на почести интервали. Ако детето чувствува видлива непријатност, може да му дадете парацетамол, според возраста и килограмите. Тој ќе го олесни и непријатното чувство.


Кога е потребно да се консултирате со лекар?

Сериозните несакани реакции од вакцините се среќаваат многу ретко, но е можна нивна појава. Некои од најсериозните реакции може да вклучуваат:

Алергиски реакции како осип, чешање, оток и отоци на лицето или околу устата, отежнато дишење, намален крвен притисок;
несвестица;
Висока температура;
Болки во зглобовите.

Ако се појават такви реакции, потребно е да посетите педијатар, кој да ја оцени неговата состојба и ќе процени дали станува збор за несакана реакција кон вакцината.



Шпекулациите за врската помеѓу вакцинирањето и сериозните болести, на пример аутизам, не лежат на научен доказ и не се потврдени во научни студии.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Совладајте ја нескротливата Ешерихија коли
Инфекциите на уринарниот тракт се едни од најчестите клинички симптоми, кои се многу почести кај женската популација поч...
4
Дали икањето кај бебињата е нормално?
Кога ќе го видиме нашето малечко бебе како се мачи со икање, често се грижиме дали тие контракции можат некако да му наш...
3
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?