|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Спиење заедно со мама и тато – потреба или навика?

Редакција Рингераја, 10.5.2020
Потребата на детето да спие заедно со членови од семејството не е избор, туку е емоционална потреба на детето

image
/11


Желбите на добро приспособените личности се нивните потреби. Кога тие потреби не се задоволени, желбите стануваат преголеми со намера неисполнетите желби да се потиснат.

Ние сите функционираме со потреби. Потреба за воздух, храна, сон и дом. Имаме потреба за интелектуална и психичка стимулација. Имаме потреба да бидеме сакани. Ако било која од овие потреби е сосема или делумно запоставена, личноста е повредена, а во случајот на емоционална рана, човек може да го помине животот во обид да си ја олесни болката.

Гесел објаснува дека децата минуваат низ предвидливи препреки во текот на развојот, во предвидливо време. Така тоа што изгледа како навика, едноставно може да биде само задоволена потреба.

Во книгата “Деца помлади од 6”,  навиката се објаснува како нешто кое лесно се прекинува. Ако телото има потреба за храна и ако тоа се третира како навика, нема да ве направи помалку гладни.

Со занемарување на чувството на замор нема засекогаш да се излечите од потребата за осум часа спиење дневно.

Детето кое во текот на ноќта го бара креветот на родителите, изразува потреба. А таа потреба мора да има свое време на задоволување.

Кога нашето дете ќе развие “добра” навика, онаа која нас ни одговара, се плашиме дека нема да трае долго. Но, кога ќе развие “лоша” навика, се плашиме дека ќе трае засекогаш. Луѓето многу се плашат дека децата никогаш нема да израснат. Ни кажуваат да ги храниме со трвда храна на 4 месеци, или никогаш нема да се научат да ја јадат истата, ни кажуваат да ги одвикнуваме од пелени на една година, или ќе ги носат засекогаш, ни кажуваат да ги дисциплинираме почнувајќи од првиот месец, или никогаш нема да слушаат. Ни кажуваат дека децата мораат да спијат сами, или ќе сакаат да спијат со вас засекогаш. Мислењето е дека мајките треба да ги одвикнуваат своите деца од доење. Но, сепак, ако одвикнувањето е препуштено на детето, тоа се случува на здрав, природен и опуштен начин.
Слично на тоа, искуството покажува дека здраво дете само ќе ја прекине навиката да спие со своите родители.

Децата ќе созреат добро, едниствено ако им овозможиме да растат во здрав дом. Ако одредена потреба е задоволена во одредена фаза, тие ќе продолжат понатаму и ќе бидат посигурни.

Ќе дознаете дека една фаза преминува во друга, и во друга, и во друга. Верувајте дека во добра околина, детето среќно ќе ја заврши секоја фаза на развој.

Децата чиишто потреби се задоволени, стануваат независни и сигурни личности. Но, независноста не може да се наметне. Потребно е време и сопствен развој. Колку што е детето убедено дека во секој момент може да стигне до своите родители, толку побрзо ќе стане и независно. Ние сами го правиме проблемот ако мислиме дека неговата потреба за нас во текот на ноќта е нешто што треба да се “излечи”.

Нашите сопствени домови се премногу сложени за детето да има слобода. Навистина е запрепастувачко колку забрани поставуваме секој ден. Релната е опасна, електричните апарати, итн... Колку ли само пати дневно кажуваме “НЕ”, или го потсетуваме дека е во можна опасност?

Дали треба на детето да му правиме дополнителна фрустрација поставувајќи забрана на емоционалните потреби и желби?

Спиењето на детето со своите родители не смее да се смета за привилегија, ниту пак да се ограничува од страв дека ќе се претвори во навика. Нека биде неопходно исполнување на основните човечки потреби.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Рецепти за првиот оброк на бебето. Од каде...
И покрај тоа што е традиција во нашите региони, додатоците во исхраната да започнуваат со овошје, словенечките автори на...
3
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
3
Дознајте каква боја на очи ќе има Вашето д...
Изгледот на детето секако зависи од комбинацијата на генетскиот материјал од родителите. Родителските гени се мешаат, а ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?