Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Не знаев дека можеш за друго човечко суштество да се грижиш толку многу, да се вложиш целосно и со толкава љубов. Не верував дека може мојот живот толку да се смени и да станам толку трпелива. Со раѓањето на бебето како да се смени мојот идентитет, станав посмирена личност.
Иако е голем физички и емоционален предизвик да се биде мајка, јас никогаш не би го менувала тоа на светот. Кој би рекол дека можам да поминам со бессони ноќи, со постојано кревање, со толкав голем напор? Некогаш се чувствувам како да ќе се онесвестам од замор, како да ќе заспијам секаде, но нема поголем благослов од тоа да се биде мајка. Милион пати ќе го потврдам истото.
Мајчинството ме натера да размислувам многу за мојата мајка. Колку не и помагав кога работеше, колку силна беше додека растевме. Постојано се прашувам колкава сила има во себе таа жена за да има се уште енергија дури и за своите внуци. Дури сега сфаќам колку моќ и колку енергија е потребно за да се биде мајка.
Мислев дека цел живот ќе бидам авантуристка, дека нема да се смирам. Дека сакам постојано да патувам низ светот, да истражувам нови нешта, да учам постојано. Мислев дека нема никаква авантура и никаков предизвик во тоа да се биде мајка. Но, тоа е мојата омилена авантура, најубавиот предизвик. Мојата најголема среќа, досега.
Никогаш не можев ни да претпоставам колку силно можеш да сакаш некого, како што една мајка ги сака своите деца. Често ги гледав децата на моите пријатели и си велев дека не сум сигурна дека можам да бидам добра мајка. Денес, се трудам со сета своја сила, го вложувам сиот напор да бидам добра кон моите деца.
Ме вадат од такт, ме уморуваат, ми создаваат фрустрација, нивните прашања ме мачат. Ме смеат, ме расплакуваат, ме нервираат. Но, тие се моето најголемо богатство. Благодарна сум му на Бог секој ден за оваа среќа.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Психички развој на бебето во мајчиниот стомак
Психичкиот развој на бебето започнува многу порано отколку што често м...
Интернет опасности за кои родителите не размислуваат
Ризиците не доаѓаат секогаш од „лоши луѓе“, туку од секојдневието....
Најчести грешки при користење овулациски тестови
Зошто тестот покажува негативен резултат кога овулацијата е тука?...
Најчести грешки при воведување дохрана
Воведувањето на дохрана е голем чекор и за бебето и за родителите. Чес...
Како правилно се бања бебе, чекор по чекор?
Првото бањање на бебето често предизвикува возбуда, но и страв. Се пра...