|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што кога детето ќе добие грип?

Редакција Рингераја, 1.10.2013
Вашето, инаку разиграно и весело, дете Ви се чини дека е помирно во последните неколку часа. Му тече носето и има покачена температура. Се жали на главоболка и пецкање во грлото. Сигурно има грип?
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Вашето, инаку разиграно и весело, дете Ви се чини дека е помирно во последните неколку часа. Му тече носето и има покачена температура. Се жали на главоболка и пецкање во грлото. Чувствува слабост по телото и лежи во кревет.  Му измеривте температура и видвте дека е близу 40 C.  Кашлицата се зголемува и детето почнува да повраќа. Најчеста причина на овој сплет на симптоми е – ГРИПОТ. Грипот е вирус (influenza) и не може да се лечи со антибиотици. Грипот најчесто предизвикува три од следните симптоми: висока температура, треска, гребење во грлото, главоболка, мачнина, повраќање, пролив, болки во стомакот, болки во мускулите, запушен нос, бистар или зеленкаст секрет од носот, сува или зрела кашлица, надразнети и црвени очи.

 

Како да ја преживеете ноќта?

Ако мислите дека Вашето дете има грип немојте да се грижите. Во прилог се насоки со чија помош Вашето дете ќе ја преброди оваа болест. Откријте кои симптому најмногу му пречат на Вашето дете и концентрирајте се на нив. На пример, “решавајте” ја болката во главата и мускулите, дајте му на детето лек против кашлица, или капки за нос, ако е потребно.

  • Давајте што повеќе течности
  • Топла купка може да ги опушти мускулите на телото
  • Давајте лекови препишани од педијатар

Лековите не можат да го излечат грипот, тие можат само да го скратат времетраењето на болеста и да ги ублажат симптомите. Со терапија мора да се започне на почетокот на болеста за да биде делотворна.

 

Кога на детето му давате лекови, особено комбинации на лекови, задолжително посоветувајте се со неговиот педијатар!

 

Кога треба да се загрижите?

Многу родители слушнале, или на интернет прочитале дека грипот може да доведе до смрт.  Тоа може да биде многу загрижувачки за родителите, кога симптомите на грип кај  детето се влошуваат. Всушност, од грип не се умира, туку од последиците на грипот како воспаление  на белите дробови или дехидрација. Тоа НЕ им се случува на децата или здравите возрасни, туку на старите и хронично болни лица.

 

Во кои ситуации треба да отидете на брза помош?

-          Ако бебето е помало од шест недели,  а има температура над 38,3 степени или повеќе. Во тој случај немојте своеволно да давате лекови за симнување на температурата без да ви дозволи лекар.

-          Ако бебето е на возраст од седум недели до трои месеци. И во тој случај лекарот ќе одреди каков лек треба да се примени.

-          Ако детето има некој од овие симптоми (отсутност, безживотност, нереагирање на надворешни дразби, невоспоставување на контакт со очите), раздразливост (плачење со часови, непостоење на вербална комуникација).

 

Дехидрација

Повеќето деца благо до умерено ќе дехидрираат за време на грипот. Симптоми на дехидрација која не е загрижувачка се следните:

-        слаба активност и заиграност

-        сува и испукана уста и сувост во усната празнина

-        плачење без солзи

-        напола ретко мокрење од вообичаено

-        урина концентрирана како сок од јаболко

 

Симптоми на дехидрација кај кои е нужна лекарска помош

-        безволност, нереагирање на надворешни дразби, невоспоставување контакт со очи.

-        испукани усни, сува и леплива усна шуплина без плунка.

-        задржување на мокрача од 12-18 часа

-        бледило

-        забрзана работа на срцето.

 

Кога да посетите лекар?

Ако температурата не се симнува, детето почне да кашла  и има болка во градите, или ако утврдите дека е дехидрирано, веднат однесете го на лекар.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Масирање на бебиња
Масирањето е одличен начин на воспоставување и зацврстување на врската со детето, бидејќи на секое дете допирот му е нео...
4
Нахранете го бебето со задоволство
Воведувањето на нова храна кај бебињата од шест месеци може да биде вистинска мака. Се' што е погусто од млекото е висти...
4
Научете го детето да заспие само
Овој план се базира на методот кој го развил Др. Ричард Фербер во својот центар за нарушувања во спиењето, во Детската б...
4
20 идеи за декорација на торта за крштевка
Разубавете го најубавиот ден со најубава торта
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?