|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Пролетта е време на алергии

Редакција Рингераја, 17.4.2013
Понекогаш телото погрешно ги толкува безопасните работи од околината (нпр. полен) и покренува невообичаено бурна одбранбена реакција. Таквата реакција на преосетливост се нарекува алергија
Клучни зборови:

image
/11


 

Најчест облик на алергија е алергија на полен, која уште се нарекува и поленска кивавица. Обично почнува во март и може да трае се до крајот на октомври, а ја предзвикува поленот од тревата, дрвата и плевелот.

 

Како да препознаете алергија?

  • црвени и надразнети очи кои солзат
  • кивање
  • течење на воден секрет од носот
  • отеченост на носната слузница
  • чешање и црвенило
  • сува кашлица
  • отежнато дишење
  • црвенило на кожата, контактен дерматитис

 

Што да направите за да ја задржите алергијата под контрола?

  • редовно чистете ги и менувајте ги филтрите во клима-уредите
  • избегнувајте отворен простор за време на најголемата концентрација на полен
  • проветрувајте го домот во текот на ноќта
  • пред спиење истуширајте се и измијте ја косата
  • избегнувајте чад од цигари

 

Настинката и поленската кивавица се слични, па понекогаш е тешко да се разликуваат. На настинка упатуваат општите симптоми: температура, кашлица или епидемиолошки причини. На алергиски ринитис упатува појавата на симптомите во одреден временски период и по остварен контакт со надворешен фактор. Алергиските симптоми се долготрајни и се смируваат со терапија, а симптомите на настинка престануваат сами.

 

Што е целогодишен алергиски ринитис?

Во целогодишниот алергиски ринитис  тегобите не се јавуваат сезонски, туку во било кој периот од годината. Оваа болест е предизвикана  од алергени со кои сме во контакт во текот на целата година. Најчести причинители на целогодишен ринитис се грињите, куќната прашина и животинските влакна. Треба да се истакне алергијата на мачки и кучиња, која е најчеста.

 

Кои се знаци на болеста?

Знаци на целогодишен алергиски ринитис се:  чешање, чувство на полн и непрооден нос, кивање, шмркање, обилен воден секрет и отсуство на чувство за мирис. Симптомите се обично упорни, тешки и долготрајни.

 

Прва помош кај алергиите

Врз база на истражувањето спроведено на 12.000 испитаници, произлегло дека алергиите кои ги предизвикува поленот се најраширени, а после нив следуваат алергиите на прехранбени производи, најчесто на овошје и зеленчук.

Од инхалациските алергии најчеста е алергијата  која ја предизвикува поленот од чемпрес. Порано се сметаше дека главни причинители на алергија се млекото и јајцата, но сега се знае дека тоа се овошјето и зеленчукот. Кај децата сеуште преовладуваат алергиите на млеко и јајца, но со текот на времето исчезнуваат.  Главен виновник во растенијата кој предизвикува алергии е природниот молекул на LTP, кој најмногу го има во кората на растенијата.

Околу 20% од лицата алергични на таа супстанција, проблемот можат да го решат така што ќе го излупат овошјето, со што се отстранува 80% од приситниот молекул на LTP. За преостанатата популација таа постапка не е доволна и мора да се одрекнат од консумирање на овошјето/зеленчукот на кој се алергични.

 

Во прилог е табела на најчестите причинители на алергии и период од годината во кој се најизразени:

 

1

 

Концентрација на полен

 

Ниска - само изразито алергичните лица ќе имаат проблем

 

Умерена - Поголем број алергични лица ќе имаат проблем

 

Висока и многу висока - сите алергични лица ќе имаат проблем

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Први протеински намирници во дохраната: ка...
Воведувањето на протеините во исхраната на бебето е важен чекор во неговиот развој.
10
Редослед на никнување на запчињата
Времето на никнување на првото запче е различно кај сите бебиња. Има бебиња кои се раѓаат со запче и бебиња кои немаат н...
4
Што се случува со телото после породување?
Породувањето е еден од најмоќните, најинтензивните и најтрансформативни настани во животот на жената. Но додека сите се ...
4
Народен лек против кашлица, бронхит и лари...
Овој напиток може да ја излечи и најкомплицираната кашлица, која не успева да ја излечи современата медицина
4




Анкета

Секс.
пеперутка16

После сексот со сопругот, ти?