Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
/11
Рози и Руби Формоса се родени споени во пределот на абдоменот, а делеа и дел од цревата. Операцијата на раздвојување е извршена веднаш откако девојчињата се родени, а веќе по две недели се пуштени дома. Денес, една година подоцна, Рози и Руби се две среќни девојчиња!
Девојчињата им го должат својот живот на тимот од 15 лекари и медицински сестри кои успешно ја извеле операцијата, иако шансите биле минимални.
Анџела Формоса во 16. Недела од бременоста дознала дека нејзините девојчиња се споени. Таа и нејзиниот сопруг Даниел се подготвувале за најлошото, бидејќи докторите им рекле дека девојчињата имаат минимални шанси да преживеат. Сијамски близнаци се раѓаат 1:200.000 случаи, а повеќе од 1/3 од нив се раѓаат мртви или умираат набрзо по раѓањето.
Рози и Руби се веднаш однесени на операција, бидејќи животот им бил загрозен. Операцијата, која била очајнички обид да се спасат, медицинскиот тим ја извршувал 5 часа и за големо чудо децата се отпуштени од болница 2 недели подоцна.

Неразделни и по разделувањето
Врската меѓу девојчињата е толку силна што никогаш не се разделуваат ни кога слободно лазат и се забавуваат.
Меѓу близначките постојат видливи и значајни разлики. Руби посебно го сака татко и и кога ќе го види почнува да клоца со ножињата и да отскокнува од среќа. Таа е татино девојче, додека Рози е повеќе приврзана со мене – кажува гордата мајка на малите борци. Во болницата се многу задоволни од напредокот на близначките.

5
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Секој ден по малку и животот се менува
Понекогаш мислиме дека големите промени бараат големи чекори, драматич...
Кога бременоста не доаѓа брзо како што сме очекувале
Неплодноста е чувствителна и емотивно предизвикувачка тема. Многу паро...
Слободата на движење при породување
Породувањето е еден од најинтензивните и најважни моменти во животот н...
Денес ве поканувамe да го видите убавото што веќе го имате....
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...