Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Ако одлучите да прифатите гости наскоро по раѓањето ќе се убедите дека моментот не е особено погоден и е подобро да се почека.
Гостите не можат да ви помогнат реално со бебето
Секој вели дека има огромна желба да дојде и да ви помогне со бебето. Но бебето има многу поголеми потреби, отколку луѓето замислуваат. Не е толку лесно само да го занимаваат, додека мајката работи нешто друго.
Вистинската помош се состои во тоа да помагаш во хранењето, држењето, капењето, повивањето, а тоа се активности кои припаѓаат исклучиво на родителите. Тие се и најтешкиот дел од одгледувањето на едно дете.
Бебето нема да го прави она што вашите гости сакаат
Повеќето луѓе доаѓаат да го видат бебето со идеја дека ќе си играат со него. Ова се случува доста подоцна, кога бебето ќе стане контактибилно, кога ќе почне да оди и да зборува. Новородените бебиња не се особено погодни за покажување пред пошироката јавност, бидејќи тие претежно спијат и јадат во овој почетен период.
Значи, гостите можат да останат разочарани дека едноставно ќе им покажете бебето за малку и ќе го врати во собата каде си спие на мирно.
Доите постојано
Не заборавајте дека и во овој почетен период доењето е многу интензивно и примањето на гости е несоодветно и од таа гледна точка. За некои мајки јавното доење не е проблем, но за повеќето тоа е интимен момент, на кој не треба да бидат сведоци сите ваши роднини и пријатели.
Хормоните ви беснеат
Во почетокот многу мајки не знаат како да делуваат, како да реагираат и што е правилно во одгледувањето на бебето. Тоа е така заради недостаток на искуство, а и заради беснеењето на хормоните.
Додека тие се смират веројатно нема да ви е до гости, затоа не правете грешка да предизвикате уште нервози со цела толпа од луѓе, кои сакаат да го видат бебето.
Сеуште закрепнувате од раѓањето
Закрепнувањето е бавен процес кој кај сите родилки се одвива со различно времетраење. Имајте го тоа во предвид, бидејќи нема да се чувствувате особено удобно ако ви дојдат многу гости.
Ќе добиете несакани совети
Не е познато зошто, но сите гости се чувствуваат должни да ги споделат своите искуства или да даваат совети без дури и да имаат деца - нешта кои ги слушнале од пријателите, од баби, дедовци и така натаму.
Ќе се зачудите колку непотребна информација ќе добиете и колку непријатно ќе ви стане, бидејќи во повеќето случаи советите не се побарани, ниту ви се потребни.
Потребна е тишина
Во овој ран период бебето има потреба од страшно многу спиење. Знаеме дека бебињата имаат потреба и од многу тишина, за да спијат нормално. А ако имате гости, тишината тешко може да се чува.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Грлото ме боли! Бактериска инфекција или вирус?
Болката во грлото е една од најчестите здравствени тегоби. Понекогаш е...
Среќата живее во она што го имаш
Во секојдневието често трчаме по она што ни недостига, по следниот усп...
Што е страв од непознати лица кај бебињата?
Одеднаш твоето насмеано бебе почнува да плаче кога ќе му се доближи не...
Што се смета за нормален срцев ритам на фетусот?
Срцето на вашето бебе започнува да чука рано во бременоста и неговиот ...
Промени на телото во првиот триместар на бременоста
Првиот триместар од бременоста (недела 1-12) е период на големи видлив...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?