|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Обетките не се за бебиња!

Редакција Рингераја, 2.8.2011
Не брзајте со дупчење на ушите, советуваат педијатрите

image
/11


 

Неретко се случува родителите да им ги дупчат ушињата за обетки на своите деца со неполна година, бидејќи сметаат дека така ќе изгледаат поубаво!? Многу од нив одат до најблискиот златар, за тоа да биде направено “безболно”, со помош на пиштол за дупчење на ушите, кој би требало да биде стерилен. Меѓутоа педијатрите советуваат да не се брза со таквото украсување, бидејќи ни малку не е потребно. Повредата на уво со обетка и инфекциите кои можат да се појават заради неадекватното дупчење на увото и одржување на раната после тоа се повеќе од доволна причина да не му го направите тоа на своето бебе.

 

Претпазливо со обетките

Родителите кои сепак ќе одлучат на своето девојче да му ги дупчат ушите, мораат прво да се распрашаат кој го прави тоа проверено добро, бидејќи е важно да биде стерилно, за да се отфрли во старт можноста за инфекција. Тоа го истакна Др. Наталија Лазовиќ, објаснувајќи до која мера обетките можат да бидат штетни за малите деца.

- Не се согласувам со тоа да им се дупчат ушињата за обетки на малите деца, а сум имала можност да видам бебиња од два месеци со големи, тркалезни обетки. Треба да се истакне дека секое боцкање за детето е трауматично, па и тоа. Навистина, кај бебињата помнењето е краткотрајно и тие тоа брзо ќе го заборават, а дали нешто ќе остане во нивната потсвест, тоа никој не го знае.

Од друга страна бебето во текот на спиењето се врти, превртува и може да се случи обетката да се закачи на перницата, на оградата од креветчето, или едноставно да ја повлече со раката. Тогаш може да се повреди, или да си ја расцепи ресичката. Тоа може да се случи и при играње со други деца. Затоа треба да се биде многу претпазлив.

 

Дупчење  на ушите на примитивен начин

Некогаш на децата им се дупчеле ушите на примитивен начин. Се земало обична игла за шиење, чиј врв го гореле на пламен и така на децата им ги дупчеле ушите. Низ дупчето провлекувале конец, кој детето би го носело извесно време, а потоа му ставале обетки. Според зборовите на педијатрите, тоа е погрешен начин, многу е побезбедно да се дупчат ушите кај златар, или во ординација во која се обучени да го прават тоа со мали деца, а се прави со стерилни игли.

 

Црвенило и оток – знак дека треба да се посети лекар

Доколку родителот забележи дека на увото на неговото дете има црвенило и оток...треба да ја извади обетката и веднаш да посети педијатар. Тоа е знак дека настапила инфекција.

- Инфекцијата се јавува затоа што опремата не била стерилизирана, или затоа што раната не се одржувала на вистинскиот начин. Треба секојдневно да се следи местото каде што е увото дупчено и да се врти обетката за местото да не зарасне. Доколку се појави црвенило, тоа место треба да се избрише во јод или 3% хидроген.

 

Ако црвенилото се прошири и дојде до оток, задолжително обратете се кај лекарот!

Тоа воопшто не е за занемарување, бидејќи се работи за подрачјето на главата. Во случај да се задоцни со интервенција, може да дојде до компликации. Доколку инфекцијата се прошири на ушната школка може да оди и подалеку, низ целиот ушен канал и внатрешното уво, и може да предизвика воспаление. Но тоа ретко се случува бидејќи веднаш штом родителот ќе забележи црвенило, го носи детето на лекар.

Инфекцијата се спречува со антибиотици, а исто така се третира и локално. Кога сето тоа ќе помине детето може без страв да носи обетки, па дури и повторно да ги дупчи ушите, но многу е важна хигиената притоа.

 

Алергија на никел

Постои можност, по дупчењето на ушите детето да има алергиска реакција, што создава дополнителни проблеми. Алергијата се јавува во вид на осип, или оток и во тој случај морате веднаш да се јавите кај педијатарот, а претходно да ја извадите обетката.

За да се избегне таа ситуација, родителите прво треба да се уверат дека деловите од обетката се направени од хируршки челик или четиринаесет каратно злато. Алергијата најчесто се јавува ако обетките имаат никел. Затоа се советува првите обетки да бидат од некој племенит метал – злато или сребро.

Важно е по привремените обетки, кои се носат од 14-30 дена, задолжително да се стават златни.

Племенитите метали имаат олигодинамско дејство што практично значи дека ја стерилизираат околината. Познато е дека ако во чаша вода ставиме златен прстен, по некое време таа вода ќе биде исчистена од бактерии. Затоа, доколку се стави злато на раната, таа скоро никогаш нема да прокрвари, освен ако увото не е правилно дупчено.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Егзема или атопичен дерматит
Егзема или атопичен дерматит е воспаление на кожата предизвикано од комбинација на наследни фактори и одредени надворешн...
5
Црвено газе
Многу бебиња страдаат од пеленски осип. Со помош на овие совети црвенилото на газето брзо ќе го надминете.
4
Кувар за бебе: Кашичка од цвекло и сусам
Кашичката од цвекло ќе му биде примамлива за јадење на секое бебе заради својата интересна боја. Можете да ја воведете в...
4
Кувар за бебе: Кашичка од телешко месо и ц...
Со малку труд подгответе му на своето бебе (постаро од осум месеци) здрава, вкусна и весела кашичка
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?