|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Отежнато дишење во бременост

Редакција Рингераја, 1.6.2026
Отежнатото дишење е чест симптом во бременоста и кај многу жени се појавува уште во раните фази или подоцна, кога бебето расте. Во повеќето случаи е нормално, но понекогаш може да биде знак дека треба дополнителна проверка.

image
Фото:Canva/Чест симптом што може да биде нормален дел од бременоста, но понекогаш бара и дополнително внимание.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Зошто се јавува отежнато дишење?

Постојат неколку природни причини поврзани со бременоста.

1. Хормонални промени

  • Прогестеронот се зголемува и влијае на дишењето.
  • Телото „им кажува“ на белите дробови да внесуваат повеќе кислород.

2. Рана бременост

  • Дури и во првите недели може да се чувствува недостиг на воздух.
  • Телото се прилагодува на зголемените потреби за кислород.

3. Раст на матката во подоцнежна бременост

  • Матката притиска на дијафрагмата.
  • Белите дробови имаат помал простор за ширење.

 

Кога е најчесто?

  • Во прв триместар отежнатотто дишење се појавува поради хормоните.
  • Во трет триместар поради притисок од бебето кое расте во стомакот на мајката.
  • Често се влошува при качување скали, брзо одење или лежење на грб.

 

Како се чувствува?

Жените најчесто опишуваат  го опишуваат како чувство дека не можат „да земат длабок здив“. Доаѓа до побрзо заморување, благо забрзано дишење без напор и потреба за почести паузи

Што може да помогне?

Практични совети:

  • Одморајте почесто и не брзајте со било што да правите.
  • Спијте во полуседечка положба ако ви е полесно.
  • Избегнувајте лежење рамно на грб во подоцнежната бременост.
  • Правете бавни и длабоки вдишувања за регулирање на дишењето.
  • Избегнувајте преголем физички напор

 

Кога треба да се јавите на лекар?

Важно е да не се игнорира ако се појави нешто од следново:

  • отежнато дишење во мирување кое се влошува,
  • болка во градите,
  • забрзано срцебиење со вртоглавица,
  • кашлица, треска или оток на нозете,
  • ненадејно и силно влошување.

Овие симптоми може да укажуваат на состојби кои бараат преглед.

 

Отежнатото дишење во бременост најчесто е нормална појава предизвикана од хормонални промени и растот на бебето. Иако може да биде непријатно, обично не е опасно. Сепак, секогаш е важно да се следат симптомите и да се побара лекарска помош ако нешто изгледа необично или се влошува.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колку породувања со царски рез може да имате?
Колку породувања со царски рез се уште е безбедно да се направат и колку треба да се чека за нова бременост после такво ...
46
Малку крв, голема промена?
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат или не се сигурни дали се веќе бремени е појавата на...
4
Го видовте позитивниот тест? Еве што следува
Позитивниот тест за бременост носи мешавина од радост, возбуда и безброј прашања: „Што сега?“, „Дали треба веднаш на лек...
4
Видео: Сe што треба да знаете за царскиот рез
Породување со царски рез е хируршка процедура што се користи за раѓање на бебето преку засеци во стомакот и матката на м...
4




Анкета

Најинтересни теми на форумот
Julie1

За што сакам најмногу да пишувам на форумот на Рингераја?

забременување (29%)

бременост (15%)

бебе и дете (25%)

вери (2%)

сексуалност (18%)

брак (11%)


Број на сите гласови: 65

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!