|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Нетолеранција на глутен - Целијакија

Редакција Рингераја, 20.8.2010
Целијакија или Целијачна болест е хронична автоимуна болест што се карактеризира со неподносливост на организмот на глутен – белковина од пченица, јачмен, ‘рж и овес.

image
/11


Целијакијата е многу распространето заболување. Главниот причинител е содржан во некои житни растенија и се нарекува глутен. Тој ја оштетува слузницата на тенкото црево и тоа постепено атрофира. Тогаш организмот ја губи способноста да ги апсорбира корисните материи – протеини, витамини, масти, јаглени хидрати.

Најчесто класичната форма на целијакија се појавува штом на детето ќе му се даде кашичка која содржи глутен. Болеста може да се појави и многу подоцна, на 2 или 4 години, ако во менито на детето има повеќе производи со глутен. Исто така намалената     имунолошка способност на организмот, како и генетските предиспозиции, можат да доведат до нетолерантност кон глутен. Дури 14% од родителите на деца од оваа болест, исто така страдаат од интолеранција на глутен.

Заболувањето може да предизвика развој на анемија, рахитис, остеопороза и други заболувања

Тешко може да се забележи дека детето не поднесува житни производи. Најпрво тоа станува раздразливо и каприциозно. Родителите обично не обрнуваат внимание на овие симптоми и ги припишуваат на растот на забите. Подоцна, кај овие деца, се јавува дијареа, која не исчезнува со вообичаена диета. Апетитот на детето се намалува, тоа започнува нагло да губи на тежина и стомакот му се зголемува.

Нарушеноста на работата на организмот, предизвикана од целијакија, со тек на време може да доведе до анемија, рахитис, остеопороза, заостанување во менталниот развој и други компликации. Бидејќи знаците на целијакија не се јасно изразени, за неа се разбира дури откако детето ќе добие анемија или рахитис. Токму во тоа е опасноста на оваа болест. Постои и скриена целијакија која може да се утврди само со посебни испитувања – одредување на нивото на имуноглобулин во крвта, ендоскопија и биопсија.

Сите продукти од пченица се АПСОЛУТНО ЗАБРАНЕТИ!

Основниот третман на целијакија е строга диета без присуство на глутен. Забраната се однесува на сите производи од пченица, ‘рж, јачмен, овес, вклучувајќи и леб, тестенини, банички, торти и колачи...

Најмалку една година на детето не треба да му се дава полномасно кравјо млеко. Се ограничува употребата и на мрсна храна.

На прв поглед нема ништо страшно: се исклучуваат штетните производи и се е во ред. Но глутенот го има не само во тестенините. Го има и во конзерви, кренвиршли, колбаси, кечап, соја сос, во концентрирани супи, па дури и во јогуртот. Тоа е така бидејќи производителите додаваат брашно како згуснувач во производите, но како состојка го нема на етикетите.

Во менито на болни од целијакија може да се вклучат ориз, хељда, соја, пченка, компири. Дозволени се сите видови на овошје и зеленчук, риба, месо и млечни производи.

При почитување на диетата и препораките на лекарот непријатните симптоми исчезнуваат и слузницата на цревата се опоравува

Ова се случува за неколку месеци, ретко за година до две. Симптомите исчезнуваат и болните од целијакија се враќаат во нормален живот. Растат и се развиваат како другите деца и не заостануваат зад своите врсници, ниту во физички, ниту во ментален развој. Но   исхраната без глутен мора да се почитува цел живот. Само лекар може да одлучи дали и за колку време може да се прекине со диетата. Покрај исхраната кај болните деца понекогаш се дава и дополнителна терапија, како средства за лекување на микрофлората на цревата, панкреатични ферменти и друго.

 

 

Забелешка:

Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали знаете дека...
Коските некогаш престануваат да растат?
5
Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
4
Како антибиотиците влијаат на здравјето на...
Дали некогаш сте се запрашале како давањето антибиотик на детето во најрана возраст може да влијае на него кога ќе порас...
4
Чај кој го зајакнува имунитетот
Не чекајте да ви се растече носот, да ве заболи грлото или да добиете температура, туку на време послушајте ги советите ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?