|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Не го гасите телевизорот ни додека спиете? Време е да размислите зошто тоа не е најдобра навика

Редакција Рингераја, 12.9.2025
Многумина имаат навика да заспиваат со вклучен телевизор. Звукот во позадина и сликата може да создадат чувство на сигурност или дури помалку тишина која некои луѓе ја сметаат за непријатна.

image
Спиење и вклучен телевизор
/11


Но, науката вели дека оваа навика и не е толку безопасна. Напротив, може да влијае на квалитетот на сонот, менталното здравје и дури и на телесната тежина.

 

Како телевизорот влијае на сонот?

Телевизорот емитува сина светлина, која го намалува лачењето на мелатонин, хормонот што му кажува на телото дека е време за спиење. Тоа значи дека иако очите ви се затворени, мозокот прима сигнал дека треба да остане активен. Тоа е причина за површен сон со чести будења.

 

Зошто е штетно да се спие со телевизор?

  1. Прекини во длабокиот сон, дури и кога не сте свесни, звукот и светлината предизвикуваат микробудења.
  2. Помала енергија следниот ден, недостигот на квалитетен сон се рефлектира со замор, пад на концентрација и раздразливост.
  3. Потенцијално влијание врз тежината, истражувања покажуваат дека луѓето кои спијат со телевизор или светло во просторијата почесто имаат проблем со зголемување на килограмите.
  4. Намалена продуктивност, недостигот на добар сон ги нарушува вниманието, меморијата и способноста за донесување одлуки.
  5. Зависност од навиката, колку подолго практикувате да заспивате со телевизор, толку потешко ќе ви биде да заспиете без него.

 

Алтернативи за полесно заспивање

  • Аудио книга или подкаст со смирувачки тон.
  • Тивка музика или звуци од природа како шум на дожд, бранови, пеење на птици.
  • Рутина пред спиење, читање книга, топол чај од камилица, лесни вежби за релаксација.
  • Темна и тивка соба е најдобриот амбиент за здрав и обновувачки сон.


Спиењето со вклучен телевизор можеби изгледа како безопасна навика, но долгорочно може да го наруши квалитетот на вашиот сон и здравје. Наместо тоа, создадете вечерна рутина која ќе ви помогне да заспиете природно и смирено. Запомнете, вистинскиот одмор започнува во темнина и тишина.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Лекциите на животот доаѓаат тивко
Животот нe учи на лекции кога најмалку очекуваме.
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2
Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
2




Анкета

Секс.
пеперутка16

После сексот со сопругот, ти?