Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Скопје, 14.03.2013 – Млеката на Дукат се вратија во продажната мрежа во Македонија, со двојна проверка за нивната безбедност и здравствена исправност.
Новата пратка од млеката на Дукат која од денес се испорачува во трговските објекти низ земјата, покрај сите редовни микробиолошки контроли на млекото кои се спроведуваат согласно законските прописи и правилници, успешно го помина и новиот сопствен систем за контрола на присуството на микотоксини во суровото млеко од фармите. Компанијата Дукат, прва во регионот, дополнително го воведе овој систем за контрола во сите свои производствени капацитети, иако според законската регулатива тоа не е обврска на млекарниците.
Враќањето на млеката на Дукат во трговската мрежа во Македонија се случува откако претходно претставништвото на компанијата во Македонија самостојно, без барање од страна на надлежните институции, донесе одлука времено да ги повлече од продажба сите млека од овој бренд. Одлуката беше донесена со единствена цел да се задржи високото ниво на доверба кај потрошувачите во квалитетот и безбедноста на млеката на Дукат.
„Исклучително сум задоволен што за краток временски период успеавме на потрошувачите во Македонија да им ги понудиме новите, двојно проверени млека на Дукат. Со ова уште еднаш докажуваме дека потрошувачите и нивната доверба во квалитетот и безбедноста на млеката и останатите производи на Дукат, се наш највисок приоритет“, изјави Благоја Слабев, генералниот директор Дукат во Македонија, потенцирајќи дека „со сите активности и вложувања што ги направи за елиминирање на проблемот, што очигледно е распространет низ целиот регион, Дукат покажа дека е подготвен да понуди и спроведе реални решенија без притоа да прави какви било компромиси околу квалитетот, безбедноста и здравствената исправност на сите свои производи“.
Инаку, со цел да ги заштити потрошувачите, компанијата Дукат донесе деловна одлука да вложи финансиски средства во набавка и инсталирање на опрема за контрола на микотоксини во суровото млеко што го откупува од фармите и тоа во сите свои капацитети во регионот. Покрај ова, компанијата привремено го прекина откупот на сурово млеко од одредени фарми и интензивно, во соработка со надлежните државни органи во земјите на производство и со фармерите, работеше на елиминирање на причините за појавата на овој токсин во млекото, кој потекнува од употребата на несоодветната сточна храна и претставува проблем кој е широко распространет во овој дел од Европа.
Во интерес на потрошувачите, претставништвото на Дукат во Македонија ќе продолжи интензивно да соработува со сите надлежни државни институции за контрола на квалитетот и исправноста на млекото и млечните производи.
4
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Прво шишање, први чевлички, прва четка за заби
Првите „мали“ моменти во животот на детето често носат големи прашања ...
Хидратација во бременост. Колку вода е доволно?
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи тел...
Спортот и плодноста, умереностa е важна
Физичката активност е еден од најважните столбови на здравиот живот, н...
Што ја одредува успешноста на ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (ИВФ) е напредна медицинска процедура што на мно...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)