Портпаролот на „Пипл“ рече: „Можеме да потврдиме дека Арчи ќе биде голем брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што го чекаат своето второ дете“
Парот ја објави веста со ексклузивна црно-бела фотографија што ја направи на ајпад нивниот пријател и фотограф Мисан Хариман. На фотографијата, Маркл се гледа како лежи на тревникот облечена во бел фустан од Каролина Херера додека го држи своето заоблено стомаче , додека Хари ја гледа со насмевка.
„Мег, бев таму на твојата венчавка за да сведочам за започнувањето на оваа љубовна приказна, и моја пријателке, чест ми е што можам да те "фатам" додека расте стомачето“, напиша Хариман на Инстаграм.
Среќната вест следи по моќната изјава за NewYorkTimes, што Маркл ја даде во ноември каде откри дека доживеала спонтан абортус во јули. „Во болка од нашата загуба, мојот сопруг и јас откривме дека во просторија со 100 жени, од 10 до 20 од нив страдале од спонтан абортус“, напиша Маркл.
"Сепак, разговорот останува табу, исполнет со (неоправдан) срам и го продолжува циклусот на осамена тага.„
Минатата година Меган и Хари се повлекоа од своите улоги како постари кралски служби за да се фокусираат на нивниот приватен семеен живот.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Опоравување по царски рез - чекор по чекор
Царскиот рез е хируршка интервенција, но и почеток на ново животно поглавје. Затоа, опоравувањето бара трпение, разбирањ...
14
Цервикална дилатација и скратување
Доколку сте во последните недели од бременоста, сигурно сте чуле термини како „дилатирана 2 cm“ или „цервиксот е 50% изб...
6
Фото: Како се создава бебето?
Фотографот Lennart Nilsson помина 10 години од својот живот, фотографирајќи и регистрирајќи како се создава и раѓа бебет...
5
Дали сите бебиња мируваат пред породувањето?
Дали сите бебиња се мирни пред породувањето? Кога бебето е активно, тоа е силен показател за целокупното здравје и благо...
5