|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мамичке, јас ќе плачам кога ќе си легнам вечерва

Редакција Рингераја, 1.6.2016
Мојот среден син во основно училиште имаше класна која и него и мене веројатно секогаш ќе ни остане во памтење. Ситна, плава, со разиграни очи, секогаш насмеана...
Клучни зборови:

image
/11


 

На крајот на тоа осумгодишно школување, ни кажа дека би сакала да ги однесе децата во Вуковар, нејзиниот град. Градот во кој е родена, каде ги изгубила родителите и парче детство од својот живот. И тоа воопшто не беше обичен излет. Тоа беше еден многу емоционален пат. На децата не толку заради самиот град и настаните кои се случиле таму, туку заради сознанието дека тоа е последниот излет со нивната омилена наставничка.

Најдобро ќе ви го доловам резимето ако ви напишам што ми кажа моето дете кога се врати дома:

“Мамо, јас ќе плачам кога ќе си легнам вечерва.”

“Зошто сине?”,  го прашувам.

“Денес конечно ја запознав својата наставничка. Толку пати бевме лоши и толку пати заради нас имаше проблеми во училницата. И сега се срамам заради тоа. Се срамам. Воопшто не размислувавме за неа. Денес ни покажа колку тежок живот имала, а ние воопшто не и го олеснувавме, знаеш.”- ми кажа во еден здив.

“Сине, таа е наставничка и одлично ја работи својата работа. Можела да одбере да не ве брани и да вика на вас, но сама одлучила дека секогаш ќе биде на ваша страна, бидејќи сте деца и уште учите од животот.”, му одговарам благо.

“Знам мамо, но кога добив шамар од Игор, таа не викаше по него. Мене ме прегрна и ме бакна и рече дека сите заедно ќе го решиме тоа. Го викна Игор и го праша зошто го направил тоа, а Игор и кажа дека сум му напишал нешто неубаво на тетратката. И тогаш рече дека не ја интересира што сум напишал и ме праша дали мислам дека е во ред што сум го направил тоа. Кажав дека не е, дека само сакав да се пошегувам, а не и да го повредам Игор. Тогаш го праша него дали е во ред тоа што го направил. И тој рече дека не е, но сакал да покаже дека тоа го повредило. Се извинивме еден на друг и двајцата и се извинивме на наставничката. Не пофали и рече секогаш да се сеќаваме на оваа случка и меѓусебно многу да разговараме. Дури и ако воопшто не се согласуваме околу нешто. И да се почитуваме и да го почитуваме различното мислење.”

Ова е нешто заради што наставничката ќе остане во сеќавање кај моето дете. Но мене ќе ми остане во сеќавање заради многу работи. Од морето на сите убави работи кои ги врежа во нашиот живот, ќе одделам една тешка.

Еден ден, истата наставничка, повика родителски состанок. Многу брзо по излетот.

“Драги родители, овој состанок нема да биде долг. Ќе биде краток, но многу тежок. Ве молам после состанокот да си одите дома во мир и тишина, во текот на ноќта да размислите, па утре по наставата ви стојам на располагање за секое прашање”, кажа тивко и сериозно и продолжи.

“Пред два дена нашите деца добија задача на своите родители, или домашни, да им напишат порака. Анонимно. Она што не можат во лице да ви го кажат, а би сакале. Јас не знам чие дете што напишало, но вие сигурно ќе препознаете. Искрено, ова не го очекував. Се шокирав. А после првиот шок, одлучив ова да го споделам со вас, а што ќе правиме понатаму, ќе видиме”, рече и продолжи. “Секое дете доби парче хартија. Никој не смееше да се потпише. Ливчињата ги превиткавме и ги ставивме во корпа, а потоа ги измешавме. Сега ќе ви кажам што ви порачуваат децата”, рече. Прв пат ја видов таа жена без насмевка на лицето.

“Еве, малку посимпатичните на почеток.”

-          Тато, велосипедот е очајно грд, но сепак те сакам бидејќи ми го купи.

-          Мамо, те преколнувам. Дозволи и на баба да готви.

-          Мамо многу те сакам и едвај чекам да ми родиш сестра.

-          Брате, ако не ми ја купиш онаа игра ќе му кажам да старците дека копаш во носот и лепиш мрсули зад креветот.

-          Мамо, ако не ми го купиш тој фустан, ќе му кажам на тато дека скришно пушиш на тераса.

Тивка насмевка почна да кружи низ училницата.

“А сега ќе ви ги прочитам и оние пораки заради кои сакам само тивко да си заминете. Некој друг ден ќе разговараме за тоа. Сакам прочитаното да ви остане во главата. Да размислувате за тоа и да преспиете. Во ред?”, праша смирено, а ние сите климнавме со главата. Се издиши и почна.

-          Тато, не викај ја мама курва. Таа е прекрасна жена и не сака мене и бато.

-          Мамо, би сакал повеќе да си играш со мене, а помалку да работиш. Дури и кога си дома повеќе пушиш на тераса, отколку што си со мене.

-          Тато, ме боли кога ме удираш по глава.

-          Тато, сакам да те видам трезен и среќен.

-          Мамо отвори ги очите. Постои свет надвор од нашите 4 ѕида. Постојат и други. Тато нема да се врати.

-          Дадо те сакам. Не можам да те гледам несреќна. Сакам да те прегрнам, но се плашам дека ќе ми речеш нешто неубаво.

-          Тато, шамарот не боли толку. Повеќе ме боли што воопшто не си во право.

-          Мамо, тато, не можам веќе вака. Одлучете се веќе еднаш дали сум идиот или сум мрзлив.

-          Ако ме удриш уште еднаш, ќе ти забодам нож во срце на спиење.

Седев немо во столицата гледајќи пред себе. Како и јас да треба да добијам некој шамар. Слушнав дека некој стана и замина од училницата. Па друг. Па трет. И така по ред. На крај сепак погледнав околу себе и забележав дека во просторијата останавме само три мајки. На една и течеа солзи по лицето. Ја погледнав учителката која само ми климна со главата во знак дека е во ред и дека можам да одам. Воопшто не се сеќавам како дојдов дома. Знам дека плачев и плачев цела ноќ. Ете и денес тешко бирам зборови да опишам што се случи. Па зар е можно?!  Меѓу овие деца?! Овие родители?! Осум години ги знам како прекрасни луѓе. Не, очигледно ова се случува насекаде околу нас. Или навистина не гледаме, или ги затвораме очите. Но таа не. Не ги затворила очите. Уште повеќе, таа им го отвори срцето на многумина.

Како ова заврши не знам. Не сум од родителите на кои им е пренесена очајна порака. Не се ни осудив да прашам. Но сигурна сум дека од тоа е извлечено нешто добро. За тие луѓе. За тие деца. За тие семејства. И сигурна сум дека ниту едно дете и родител нема да ја заборават наставничката Бранка. Ни излетот во Вуковар. Ни автобусот. Ни нејзината прекрасна насмевка.

 

Извор: sretnamama.hr

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ликовна школа
Специјализирани креативни, егзистенционални и анти-стрес програми - во ликовното студио Gallery Arte од Скопје
6
Престанете да коментирате за моето тело!
Бременоста и породувањето внесуваат многу промени во животот на жената. Вашето тело се менува. Вашето семејство добива у...
5
Нова епизода на „Кој кого расте“: Религија...
Телевизиската емисија наменета за родители „Кој кого расте“ и водителот Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20...
4
Што повеќе не правам за своите деца?
Постојат моменти кога родителите мислат дека никогаш повеќе нема да бидат во можност да седнат и мирно да испијат една ч...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?