Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Здраво, јас сум Маја Ристовска од Скопје, сопруга и мајка на 10 месечна принцеза Илина, би сакала со сите вас да ја споделам мојата приказна.
Како и секоја трудница, особено кога го носи своето прво бебе во утробата, сака да биде се како што треба и бебето да е пред се здраво и живо.
После една година обиди за да останам бремена мојот сон се исполни, двете црти на тестот ми беа нешто најубаво што сум видела.
Сите блиски одвај го чекаа доаѓањето на новиот член а најмногу сопругот.
Бременоста цели 9 месеци ми помина супер без никакви компликации освен што последниот месец морав повеќе да мирувам, но фала му на Бога се заврши во најдобар ред..

4 март обичен ден, се упативме со сопругот на рутинска контрола кај гинекологот. Иако чувствував слаби болки, гинекологот ме врати дома. Вечерта околу 23:00 часот моите болки се зачестија но не кревав паника сопругот беше до мене и знаев дека нема од што да се плашам...
Во 03:00 часот после полноќ болките ми станаа појаки и веќе знаев дека е време да тргнеме во болница. Јас испаничена ама и пресреќна дека се поблиску е моментот кога ќе си го видам моето малечко.
Ме примија во болница, ме сместија во соба и веќе почнав многу повеќе да паничам, притисок покачен, тахикардија, не можев да дишам. За среќа успеав да се смирам со помош на медицинската сестра која цело време беше до мене..

На 5 март во 15:47 си ја родив мојата прва среќа,девојченце ,тешка само 3.520гр и 50цм долга,од тој ден нашиот живот е сосема поинаков,уште по исполнет со прекрасни моменти..
Среќата е во тие мали очиња што не гледаат секој ден.
Ви благодарам

Следете ја @majaristovska_ на Инстаграм
View this post on Instagram
7
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Најчести митови за забременување
Кога станува збор за забременување, советите доаѓаат од сите страни пр...
Алтернативи на кафето за бремени жени
За многу жени, кафето е утрински ритуал. Но во бременоста, внесот на к...
Како да се справите со кршливи нокти?
Кршливите, слоевити или нокти кои лесно пукаат се чест проблем, особен...
Заедно кон дигитална трансформација
13.02.2026 - Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ)...
Зошто не е доволна само љубовта за да успее врската?
Љубовта е прекрасен почеток. Создава привлечност, блискост и чувство д...
Влакна на градите.
пеперутка16
Дали имате влакна на градите? И како се справувате со нив... дали ве вознемируваат и дали ги отстранувате?