|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Коронавирус во вода – дали може да се заразиме?

Редакција Рингераја, 1.5.2020
Летето се ближи, па е разбирливо што многу родители се прашуваат како вирусот корона ќе се однесува во тој период. Американските стручњаци, според своите сознанија, говорат дали постои можност за пренесување на коронавирусот во базен, езеро, море...

image
Фото: Freepik.com
/11


Се уште не постои ниту еден доказ дека овој вирус може да се пренесува преку водата во базенот, езерото, морето или слично, според податоците на американскиот центар за превенција на болести.

Адекватната дезинфекција на водата, што опфаќа хлор и бром, би требало да го деактивира дејството на вирусот.

Да се престојува во близина на други луѓе покрај базенот е веќе друга грижа.

“Поголем проблем е делењето на иста соблекувална, а после тоа и често допирање на устата и носот”, истакна доктор Мајкл Ајсон, инфектолог од Чикаго.

Кога влегуваме во базен, или излегуваме од него, ние допираме различни површини. Заради тоа е важно да се измијат рацете, пред или после капење во базен.

Доколку базените воопшто се отворат, ќе мора да се почитуваат одредени мерки на внимание. Социјалната дистанца ќе не следи уште некое време како мерка на претпазливост.

 

Дали капењето во море и други природни води е безбедно?

Чарлс Герба, професор по микробиологија и имунологија на Уноверзитетот во Аризона, објасни дека вирусите генерално потешко преживуваат во солена вода. Истото се очекува и од коронавирусот.

Проблемот со водите кои не се дезинфицираат е тоа што заразената личност може да ви го пренесе вирусот доколку е блиску до вас – во вода. Заради тоа е важно додека пливате да се оддалечите од други луѓе и да држите дистанца.

Други експерти исто така истакнуваат дека ризикот да се заразите во голема вода е многу мал.

Да потсетиме – Не постои доказ дека вирусот корона се шири преку водата за пиење, отпадната вода и слично. Токму заради тоа, не се очекува овој вирус да се пренесува преку вода.

 

Следете ја Рингераја.мк на Инстаграм

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Конгестија кај бебиња
Запушениот нос кај бебе може да изгледа како мала непријатност, но за новороденчињата и малите бебиња, тоа е вистински п...
4
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и ...
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе ве препознава. Но кога навистина бебињата почнува...
4
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
11 правила за воведување на цврста храна
Воведувањето на цврста храна не би требало да биде оптоварување ни за детето, ни за мајката, а при изборот на продукти м...
3




Анкета

Независност.
Admin

Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.