vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Различните вредности, приоритети и начини на изразување создаваат бариери и спротиставености меѓу младите и постарите, дури и кога живеат под ист покрив.
Но дали навистина сме толку различни? Или едноставно не сме научиле или сме заборавиле како да разговараме едни со други?
Секоја генерација зборува на свој јазик
Постарите генерации пораснале во време на авторитет, стабилност и навики што се пренесувале од колено на колен, каде последен збор бил зборот на родителите или на постарите членови на смејството. Помладите, или пак новите генерации, живеат во свет каде сè се менува вклучувајќи ги вредностите, технологиите, дури и професиите.
Но, тоа не значи дека не можеме да се разбереме. Само треба да научиме да се слушаме.
Да споделиме емпатија, не само зборови
Најчестата грешка која ја правиме е да убедуваме некого во нашите размислувања, наместо да се обидеме да се разбереме. Да најдеме заеднички јазик не значи да се согласиме на сè, туку да ги прифатиме различностите.
Емпатијата значи да се обидеш да ја видиш реалноста низ очите на другиот. Кога млад човек ќе објасни зошто нешто му значи, или кога повозрасен ќе сподели зошто одредена вредност му е важна се создава мост, не ѕид.
Дали активното слушање е заборавена вештина?
Во време кога сите сакаат да зборуваат, ретко кој знае да слуша. Да слуша без прекинување, без осудување и надмудрување. Активното слушање е чин на почит. Тоа е начин на кој покажуваме дека не интересира што има да каже и другата страна.
Да ја сфатиме технологијата како можност, а не пречка
Младите комуницираат преку екрани, додека постарите бараат лице-в-лице контакт. Но овие два света можат да се надополнат. Зошто внукот да не ? покаже на баба како да прати порака? Зошто таткото да не побара совет за некоја нова апликација?
И токму тука настанува магијата, кога новото и старото ќе најдат простор за соработка.
Време е за почит, а не за етикетирање
Да се ослободиме од етикетите кои ги ставаме на другите и кои што градат ѕидови. Почитта кон другиот не значи да се откажеме од своето мислење, туку да го понудиме нашето и да го сослушаме туѓото. Можеби нема да се согласуваме, но сепак ќе останеме поврзани.
Иако комуникацијата меѓу генерациите не е секогаш лесна, но дефинитивно е неопходна. Не сме родени да се разбираме инстинктивно, туку да учиме едни од други. Бидејќи секоја генерација има своја приказна. А кога ќе почнеме да ги слушаме приказните, ќе сфатиме дека имаме многу повеќе заедничко одошто мислиме.
На крајот на денот, заедничкиот јазик не се состои од зборови, туку од волја да бидеме луѓе еден кон друг и гестовите кои ги правиме еден кон друг.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...
Грешки што жените ги прават пред бременост
Неколку навики и проверки пред зачнувањето можат да помогнат жената да...
Што е генетика и зошто е важна за здравјето?
Кога зборуваме за здравјето, често слушаме дека некоја состојба е насл...
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...