|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Колку може да се здебелите во бременоста?

Редакција Рингераја, 31.7.2020
Порано важеше едно правило: од 9 до 12 килограми. Но тие времиња поминаа. Денес постојат нови правила: ако пред бременоста жената е слаба, таа смее да се здебели повеќе од онаа која на почетокот била полна. Но дозволено е од 7 до 18 килограми
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Ако во првото тромесечје повеќе слабеете отколку што се поправате, нема место за грижа: вашиот желудник е вознемирен заради вашите чувства и утринските мачнини. Добивањето на тежина се очекува дури од четвртиот месец. Тогаш би требало да добивате околу 300 грама неделно, а во последните недели околу половина килограм. Ако пак некоја жена премалку се здебели, постои опасност бебето да гладува.

Жените кои се подебели честопати стравуваат од следново: прекумерната тежина го зголемува ризикот од зголемен крвен притисок или труднички дијабетес. Но и покрај тоа, бременоста не е време во кое се започнува со диета. Така само можете да му го скратите на бебето тоа што му е потребно. Затоа, послушајте го советот од лекарот кој ќе ви каже како најдобро да постапите.


КАКО СМЕЕ ДА РАСТЕ ИНДЕКСОТ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА?

БМИ на почетокот на бременоста – Препорачан раст на тежина во текот на бременоста

  • Низок (помал од 19,8) – од 12,5  до 18 килограми
  • Среден (19,8 до 26) – 11,5 до 16 килограми
  • Висок (повисок од 26) – 7 до 11,5 килограми

 

ИМАТЕ НЕОДОЛИВИ ЖЕЛБИ? НЕМОЈТЕ ДА СТЕ ПРЕСТРОГИ КОН СЕБЕ!

Дури и често да ви се јаде нездрава храна, нема место за паника. Витамините и минералите кои во таа исхрана недостигаат, можат да се надоместат со средствата кои се додаток на прехраната. Но во текот на бременоста е најважно да сте задоволни и среќни. Оној кој постојано се оптоварува со здрава храна, не прави ништо добро, ниту за себе ниту за бебето.

Совет: ако не можете без чоколада, најдобро е да се почестите со неа. Можете како замена да земете сладолед кој има помалку калории а содржи и калциум па затоа речиси секогаш може го има на вашето трудничко мени.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мачнини во бременоста
Мачнините се еден од најчестите и најпознатите знаци на рана бременост. За некои жени тоа е само блага непријатност наут...
3
Целијакија: кои се симптомите и како се ле...
Целијакијата е автоимуно заболување при кое телото не може да го вари глутенот, протеин што се наоѓа во пченицата, јачме...
3
Поддршка за вашето ментално здравје
Менталното здравје не е нешто што се одржува само со големи промени или драматични потези. Понекогаш токму малите, секој...
3
Како да се намали анксиозноста во бременост?
Бременоста е период исполнет со радост и очекување, но истовремено може да донесе и чувство на несигурност, страв и анкс...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali bi pravela golema svadba ili mala zabava?

Golema svadba (60%)

Mala zabava (40%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!