|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Каков е имунитетот во првата година од животот?

Редакција Рингераја, 22.5.2012
Докторите направиле тест кој открива колку е силен имунолошкиот систем кај бебињата при раѓањето и колкава е веројатноста да бидат болни во првата година од животот?

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Екипа стручњаци од медицинскиот факултет во Вашингтон развиле техника која може да дијагностицира намален имунитет и тоа на примерок на крв од папочната врвца. Откриле дека бебето, чија крв ја тестирале, почесто ќе страда од респираторни инфекции во првата година од животот. “Вирусните инфекции се почести во детството” - рекол главниот автор на студијата, Др. Кахару Сумино и додал – “Во главно се работи за по благи инфекции, но постои широк дијапазон на одговор на организмот – од нормален симптом на настинка, до тешки воспаленија на белите дробови. Сакавме да дознаеме дали нашиот вроден имунолошки систем, кој реагира на вирусите со кои се сретнуваме при раѓање, има било какво влијание врз ризикот од добивање на респираторни инфекции во тек на првата година од животот”.

Тимот користел примероци од крв од папочната врвца на 82 бебиња за мерење на одговорот на вирусните инфекции, познат како интерферон гама протеин (IFN – gama).

Истражувачите изолирале еден вид на бели крвни клетки и ги довеле во контакт со вирус, кој обично предизвикува респираторни инфекции. Потоа ја мереле количината на интерферон гама протеинот како одговор на борба против вирусот.

Родителите на децата чија крв произвела голема количина на интерферон гама протеин имале незначителен број на настинки во тек на првата година. Во исто време, бебињата чија крв произвела ниско ниво на антитела имале почести настинки, кои преминувале во воспаленија на увото и синусите, како и воспаление на белите дробови.

Ова најново истражување ќе помогне во напорите за изнаоѓање начини за зајакнување на имунитетот во борбата против големиот број на вируси.

Др. Сумино изјави – Пред нас е долг пат. Мерењето на нивото на интерферон гама протеин е многу сложено. Во иднина ако усееме да развиеме релативно лесен начин на откривање на недостатоци во тој систем, тогаш  ќе бидеме во можност да најдеме и лек кој ќе го поттикне вродениот имунитет.

 

Извор: Journal of Allergy and Clinical Immunology

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Првиот јазик на бебето
Бебешката насмевка – таа мила, искрена и топла експресија што ги топи срцата често изгледа како едноставен гест. Но зад ...
5
Како родителството ја менува динамиката на...
Станувањето родители е еден од најголемите пресврти во животот на една двојка. Со доаѓањето на бебето, љубовта добива но...
4
Како навистина изгледа бебето по породување?
5 работи кои ќе ја изненадат секоја мама, од „чудните“ форми на главата до бојата на косата и кожата. Еве како навистина...
4
Развојни скокови кај бебето во првата година
Првата година од животот на бебето е исполнета со неверојатни промени. Бебињата не само што растат физички, туку и мента...
4




Анкета

.
Jana9

Dali vasite deca poveke sakaat da jadat mandzi ili mackana i suva hrana?

Mandzi (33%)

Suva hrana (67%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!