|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да изградите добар имунитет во раното детство

Редакција Рингераја, 23.7.2015
Во рамките на нормалното е малото дете да боледува помеѓу 4 и 8 пати годишно, а кај некои деца оваа бројка е дури и повисока. Причината е сеуште недоразвиениот имунолошки систем, кој не успева да ги заштити детскиот организам

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

При знаци за слабост на имунитетот - ако детето често е болно од вирусни инфекции, ангина или бронхитис, ако полека оздравува и се обновува, треба веднаш да преземете чекори за зајакнување на имунитетот.


Првите застрашувачки средби со вирусите


Незрелиот имунолошки систем, со кој се раѓа новороденчето, треба да се развие постепено во првите 2-3 години од животот, кога детето минува низ различни средби со вирусите. Колку и да се стресни за родителите, повторливите инфекции се важен чекор во развојот на детето.

Благодарение на вистинските грижи и соодветни начини за зајакнување на имунитетот, овие вирусни инфекции  може да поминат полесно и да завршуваат брзо, како резултат на што постепено се формира добар и избалансиран имун одговор. Кои се најважните фактори кои го "воспитуваат" имунолошкиот систем, за да издржи нападите на вирусите и бактериите?

Не давајте без потреба лекови

Не брзајте да ја симнете температурата во почетокот на вирусна инфекција, освен ако не достигнува опасно високи вредности (над 38,5-39 степени). Брзајќи да ја намалите го спречувате организмот да изработи антитела. Ако се даваат без потреба антибиотици при вирусна инфекција, тоа повторно го потиснува имунолошкиот одговор и го спречува созревањето на имунитетот.

Обезбедете разновидна исхрана


Детското мени треба да ја комбинира сета храна што го раздвижува имунитетот: протеини, јаглехидрати, корисни масти, свежо овошје и зеленчук богати со антиоксиданси.

Соодветна храна на пример се моркови и зелка, компир и тиква, омега-3 масни киселини (риба, маслиново масло, сончогледово масло, маслинки) и др. Важно е да знаете дека омилените детски колачиња, вафли и др. храна која содржи многу шеќер, имаат негативно влијание врз работата на имунолошкиот систем.

Секојдневна физичка активност


Играта и спортските активности на отворено, секојдневните прошетки на чист воздух (сите тие прилагодени на возраста на детето) се задолжителни. Малите деца треба да поминуваат секој ден минимум час-два надвор, облечени во соодветен начин во однос на временските услови.

Активното движење ја помага работата на имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем, како и развојот на локомоторниот апарат и координацијата. Физички активните деца поретко имаат проблеми како прекумерна тежина или деформации на 'рбетниот столб и  подобар психички и социјален развој.

Создадете дома добра атмосфера

Добро организиран  режим на спиење и одмор на малото дете, согласно природните биоритми, е важен за неговиот правилен развој. Детето има потреба од тивка и добро проветрена спална соба, во која не е премногу топло. И не заборавајте дека среќно дете кое живее во мирна средина, без стрес, поретко боледува!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

9 начини како да најдете време еден за дру...
Многу парови се пресреќни кога стануваат родители, полни со енергија, но набрзо почнуваат да се чувствуваат исцрпено и о...
3
Малите рачиња што држат цело срце
Кога едно бебе ќе влезе во животот, ништо повеќе не е исто. Тоа е малo суштество со раце што едвај се држат, очи што све...
3
Црвено газе
Многу бебиња страдаат од пеленски осип. Со помош на овие совети црвенилото на газето брзо ќе го надминете.
3
Како до мирен сон за бебињата и мајките?
Кај младото доенче најчестата причина за вознемиреност и плач се инфантилните колики кои се јавуваат при крајот на првио...
3




Анкета

женски имиња
kristina oh

да избереме име за моето мило...

ема (20%)

стефанија (10%)

ива (23%)

ирина (12%)

тамара (10%)

михаела (24%)


Број на сите гласови: 241

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!