|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Менструација за време на доење

Редакција Рингераја, 2.11.2010
Добивањето, или отсуството на менструација, кога мајката дои, често предизвикува грижи. Бидејќи нормалните граници се многу широки и строго индивидуални, ќе дадеме одговори кои се општо-важечки.

image
/11


 

 

Очекувајте менструацијата да Ви се нормализира меѓу 40 дена и ... неколку години по породувањето.

Кога повторно ќе почнете да добивате нормални периоди е тешко да се предвиди. Основна улога во тоа играат два фактори:

Првиот е доење по барање, кое обично се случува на најдолг период од 4 часа и на тој начин ги одржува високи нивоата на пролактин. Пролактинот е хормон којшто е одговорен за производството на млеко. Тој исто така помага да се спречи настапувањето на нова бременост, на тој начин што го блокира производството на хормоните кои предизвикуваат созревање на јајце клетката во јајниците (овулација) При вакви услови појавата на менструација може да се одложи за повеќе од година дена.

Вториот фактор се нивоата на определени хормони во крајот на бременоста, врз кои нема начин да се влијае. Заради тоа, дури и ако доите по барање, менструацијата може да се појави и 2-3 месеци по породувањето.

Со голема доза на сигурност може да очекувате дека колку почесто го доите бебето, толку повеќе ќе ја одложите првата менструација по породувањето.  Дали тоа ќе бидат само 2-3 месеци, или ќе трае повеќе од година, никој со сигурност не може да Ви каже.

 

Мит 1 : Отсуството на циклус повеќе од 3-4 месеци по породување не е нормално

 

Мајките често се загрижени кога отсуството на менструација трае повеќе од 4-6 месеци. Понекогаш се случува гинеколози кои немаат искуство со доилки, исто така да се загрижени поради долгото отсуство на менструација, па да предложат медикаментозно предизвикување на циклусот.

Ова е непотребно и може да наштети. Т.н. лактациона аменореја е нормална состојба на женското тело, исто како што е нормално отсуството на менструација за време на бременост и не се потребни никакви мерки за предизвикување на циклусот. Обично, откако бебето ќе почне да се храни со значително количество на тврда храна (што кај некои доенчиња може да е по година) и по преспивањето на подолг период без доење, циклусот ќе се појави.

 

Мит 2 : Кога циклусот ќе се нормализира, мајчиното млеко запира

 

Добивањето на менструација не е причина за прекин на лактацијата. Некои мајки ќе забележат помала количина на млеко во деновите пред циклус. Бебето може да е немирно, да се повлекува од градите, да цица кратко и да плаче. Ова може да се должи на намалениот доток на млеко, промената во вкусот на мајчиното млеко поради хормоналните промени за време на циклусот (зголемување на количината на натриум во млекото, од што вкусот му е по-солен од вообичаено)

Важно е да знаете дека овие промени се привремени и обично поминуваат по започнувањето на циклусот, или по ден-два потоа.

Поголемите доенчиња многу помалку реагираат на овие промени, или може да не реагираат воопшто. Колку е помало детето толку повеќе реагира на овие промени. Според некои извори намалувањето на мајчиното млеко пред почетокот на циклусот има врска со намалувањето на нивото на калциум во крвта, што нормално се случува по настапувањето на овулацијата и трае до 2-3 дена по добивање на циклус. Некои мајки практикуваат да внесуваат калциум и магнезиум  од средината на циклусот, до 2 ден од крварењето со што го избегнуваат намалувањето на млекото и болните грчеви во првите неколку дена од крварењето.

 

Мит 3 : Доењето штити од забременување


Доењето може ефикасно и успешно да се користи како контрацептивен метод, во првите шест месеци од породувањето. Но секое доење не гарантира сигурна заштита. Можете да го користите доењето како контрацепција само ако ги исполнувате следните услови:

- Го храните бебето исклучиво со мајчино млеко, без да му нудите вода, чај, сок и други додатоци во исхраната

- Немате интервали подолги од 4 часа без доење.

- Не користите шишенца за хранење, бебето се храни само од дојката.

- Бебето е под 6 месечна возраст и не користите друга храна

- не сте добиле менструација по породувањето

Кога ќе добиете менструација е неизвесно, но може да се случи и да забремените без појава на прв циклус. Ова се случува исклучително ретко (според статистиката толку ретко колку и забременувањето при правилна употреба на контрацентивни таблети, односно 1:100 жени)

Кај повеќето жени, кај кои менструацијата се појавува во првите месеци по породувањето, првиот циклус е предупредувачки на кој не претходи овулација и тоа е сигнал за враќање на плодноста и за употреба на мерки за спречување на нова бременост, освен ако не сакате да раѓате уште едно дете.

Ако не сакате да ризикувате најдобро е доењето да го комбинирате со други контрацептивни методи, соодветни за доилки (кондом, спирала)

 

Што да очекувате кога циклусот ќе се востанови ?

 

Внимание! Опишаните ситуации можат да бидат како нормални, така и сигнал за проблеми. Точен одговор за тоа дали се е во ред со Вас и дали само доењето е причина за овие ситуации, може да Ви даде само гинеколог по извршениот преглед!

1.      Првиот циклус може да биде по-обилен, или многу по-оскуден, отколку што е вообичаено за Вас

Кај некои жени, од непознати причини крварењето може да биде подолго и со различен интензитет. Ако тоа продолжува прекумерно долго, веројатно ќе Ви препишат лекарства за негово контролирање.

Препаратите од прогестерон (Утрогестан, Дуфастон и слични) може да се користат без да се прекине доењето. Лековите кои го потиснуваат крварењето, често во своето упатство имаат предупредување да не се користат за време на доење и може да Ви биде препорачано да не доите – за среќа, тоа е ретко потребно, затоа побарајте повеќе информации од лекар кој има искуство во работа со доилки.

Ако Ви бидат понудени контрацептивни таблети за контрола на циклусот, важно е тие да содржат само прогестерон, без естроген, бидејќи естрогенот влијае на количеството и составот на мајчиното млеко.

2.      Циклусот може да е нередовен

Нерегуларните интервали помеѓу две менструални крварења – премногу долги, или премногу кратки – се нормална појава во првите месеци. Со текот на времето хормоните ќе се урамнотежат и за тоа не е потребно специфично лекување.

3.      Може да помине месец – два, па дури и повеќе, пред да се појави следната менструација

Ова исто така се случува кај некои жени. Можно е да сте добиле менструација прв пат, а потоа да поминат неколку месеци пред да се појави следната. Доењето на Вашето бебе сеуште влијае на Вашиот циклус, па зачестеното  ноќно доење може да Ви обезбеди месец без менструација.

За да се успокоите направете тест за бременост.

4.      Во периодите меѓу првите менструации може да имате краткотрајно крварење, од ден-два

Ова е исто така нормално кај некои жени и исчезнува со регулирањето на хормоните.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колку сон им треба на бебињата? Табела за ...
На бебињата им треба многу сон, но колку точно на секоја возраст? Овој пост ќе ве научи колку спиење му е потребно на ва...
6
Раст на заби
Што се млечни заби и кога се појавуваат?
4
Што е неопходно да имате по породувањето?
Олеснителни околности за мајките после породувањето
3
Зимски водич: Совети за лична хигиена на б...
Со доаѓањето на студените денови секоја мајка наидува на настинки и болести на своето малечко. За да го спречите тоа, ва...
3




Анкета

Тежина за време на бременоста.
пеперутка16

Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?