|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да го заспиете детето во 100 лесни чекори?

Редакција Рингераја, 27.3.2014
Ако имате среќа, по овие 100 лесни чекории, детето ќе заспие. Ако немате среќа, повторете ги од почеток...
Клучни зборови:

image
/11


 

  1. Објавете дека е време за во кревет.
  2. Почекајте додека детето престане да плаче.
  3. Објаснете му дека спиењето не е казна.
  4. Објаснете му дека спиењето не е нов концепт.
  5. Објаснете му дека, да, ќе спие секоја ноќ.
  6. Земете го во раце вашето дете.
  7. Објавете дека сеуште е време за во кревет.
  8. Нека вашето дете знае дека нема да се јавите ако ве вика на име.
  9. Кажете му на детето дека е време да се качи по скалите.
  10. Гледајте го како се влече по скалите како полжав.
  11. Почекајте детето да престане да плаче.
  12. Земете го детето во раце.
  13. Качете го по скалите.
  14. Земете го погрешниот пар пижами.
  15. Повторно земете друг погрешен пар пижами.
  16. Објаснете му дека пижамите кои ги сака се во машината за перење.
  17. Објаснете му дека нема да перете вечерва алишта.
  18. Утешете го детето додека плаче.
  19. Објаснете му дека не се викаме по име во оваа куќа.
  20. Гледајте како детето се мачи да ги облече пижамите.
  21. Прашајте го детето дали може да му помогнете.
  22. Продолжете да гледате како детето се мачи.
  23. Гледајте го како се обидува долниот дел од пижамата да го стави горе.
  24. Утешете го вашете дете.
  25. Ставете му ги погрешните пижами.
  26. Кажете му дека е време да се измие заби.
  27. Објаснете ги предностите на денталната хигиена.
  28. Земете го во раце вашето дете.
  29. Однесете го во бањата.
  30. Ставете мала количина паста на четката.
  31. Наводенете ја четката.
  32. Кога вашето дете ќе ја отвори устата неколку милиметри, измијте му ги забите.
  33. Вашето дете ќе се обиде да плука во мијалникот, но ќе плука на плочките. Исчистете.
  34. Земете го детето во раце.
  35. Речете му на детето да земе 2 книги.
  36. Детето ќе ги земе двете книги со најдолги приказни.
  37. Прочитајте ја првата реченица од секоја трета страна во книгата.
  38. Одговорете на сите поставени прашања.
  39. Кажете му на детето дека е време за бакнеж за добра ноќ.
  40. На детето изненадно ќе му се припие вода. Дајте му.
  41. Детето ќе постави прашање. Одговорете.
  42. Кажете добра ноќ и бакнете го детето.
  43. Детето ќе сака да го прегрнете. Прегрнете го.
  44. Детето ќе ви каже дека му се кака и дека мора да оди во бањата.
  45. Одете со него во бањата за да изврши нужда.
  46. Детето може да се уплаши. Кажете му дека нема причина да се плаши.
  47. Детето ќе ви постави прашање на животот. Одговорете.
  48. На детето ќе му треба уште една прегратка и бакнеж. Дајте му бакнеж и прегрнете го.
  49. На детето ќе му се примочка. Однесете го во бањата и кажете му дека предмалку мочкаше.
  50. Детето ќе сака додаток за шољата за успешно да мочка.
  51. Ставете го додатокот на шољата.
  52. Детето ќе сака да ви раскаже 10-минутна приказна. Слушајте.
  53. Изгаснете ја ламбата.
  54. На детето ќе му текне дека го сака плишаното мече.
  55. Прашајте го каде е.
  56. Детето ќе ви каже дека е во автомобилот.
  57. Побарајте во дневната соба.
  58. Побарајте в кујната.
  59. Побарајте го градината.
  60. Погледнете во имотот на соседите.
  61. Откријте дека плишаното мече е под креветот на детето.
  62. Прашајте го детето дали знаеше дека е под креветот.
  63. Детето ќе каже дека му се вечера. Објаснете му дека е доцна за вечерање.
  64. Детето ќе плаче дека е гладно. Потсетете го дека јадеше пред еден час.
  65. Објаснете му на детето дека не смее да ве вика по име.
  66. Детето ќе сака да го прегрнете и бакнете. Прегрнете го и бакнете го.
  67. Детето ќе ви каже дека сака да му ја наместите перницата и јорганот. Наместете ги.
  68. Детето ќе ви постави неколку прашања. Одговорете ги.
  69. Детето ќе забележи дека крајот на јорганот му допира на лицето. Наместете го убаво.
  70. Детето ќе побара да го вклучите светлото во салонот. Вклучете го.
  71. Детето ќе побара уште една приказна. Кажете му дека нема повеќе приказни.
  72. Детето ќе праша каков е планот за утре.
  73. Кажете му на детето добра ноќ.
  74. Детето ќе каже дека нозете и задникот го чешаат.
  75. Намачкајте го со течна пудра.
  76. Ставете го детето во кревет.
  77. Наместете го јорганот правилно.
  78. Кажете добра ноќ.
  79. И детето ќе каже добра ноќ.
  80. Кога ќе ја фатите вратата детето ќе ви каже дека не носи чорапи.
  81. Одберете погрешен пар на чорапи.
  82. Повторно  одберете погрешен пар на чорапи.
  83. Земете правилни чорапи.
  84. Ставете го правилниот пар чорапи обратно на нозете на детето.
  85. Ставете го правилниот пар чорапи обратно на нозете на детето.
  86. Ставете ги чорапите правилно.
  87. Искористете го последниот атом енергија за да се задржите на нозе.
  88. Кажете добра ноќ.
  89. И детето ќе каже добра ноќ.
  90. Пред да ја напуштите собата детето со најтажна фаца ќе ви побара вода.
  91. Дајте му чаша вода и замолете го да спие.
  92. Детето ќе побара да го измасирате.
  93. Масирајте го додека не ја чувствувате сопствената рака.
  94. Полека престанете со масирање. Станете. Обидете се да излезете од собата.
  95. Детето ќе ги отвори очите. Кажете му дека е време за спиење.
  96. Ако детето плаче, обидете се да бидете сериозни.
  97. Кажете добра ноќ.
  98. Преправајте се дека слегувате по скали, а всушност ѕиркајте од зад вратата.
  99. Молете се.
  100. Слезете по скали.Можете да се одморите 5 минути пред детето да ве викне назад.

 

Честитки!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
4
Дали знаете дека...
Коските некогаш престануваат да растат?
4
“Остави го бебето да плаче”?
Повеќето не наспиени родители доаѓаат до точка кога се во состојба да направат се' за да го научат детето да спие во тек...
4
Дали го вакциниравте Вашето дете?
Дали го вакциниравте Вашето дете против мали сипаници?
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?