|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како антибиотиците влијаат на здравјето на децата?

Редакција Рингераја, 22.1.2015
Дали некогаш сте се запрашале како давањето антибиотик на детето во најрана возраст може да влијае на него кога ќе порасне. Некои истражувања потврдија јасна врска меѓу давањето антибиотик и зголемената можност од дебелеење
Клучни зборови:

image
/11


 

Студијата која се занимавала со ова истражување се фокусирала на ефектот на пеницилинот, кој е најчесто користен антибиотик, но се верува дека и останатите имаат еднаков ефект. Најголем проблем кај земањето антибиотици е тоа што покрај уништувањето на лошите бактерии, антибиотиците ги уништуваат и добрите бактерии во цревата.

Ова истражување го спроведил Мартин Бласер од Универзитетот во Њујорк, а за тестирање се користени глувци. Паралелно со тестирањето се водело и испитување и следен е развојот на малите бебиња. Бласер дошол до заклучок дека бебињата кои до шестиот месец од животот добивале антибиотици се под поголем ризик да станат дебели во првите седум години од животот. Тој верува дека причината за тоа лежи всушност во уништувањето на добрите бактерии кои во цревата на бебињата се појавуваат меѓу шестиот месец и третата година од животот.

Во човечкиот организам отприлика има преку 100 трилиони бактерии, а како што веќе научивме во изминатите години, составен дел на здравиот живот се здравите микроби. Бласеровата студија спроведена на експериментални глувци потврдила дека доколку во првите месеци од животот со лековите влијаеме на цревната флора, ризикот од дебелеење се зголемува за 25%, а сето тоа влијае повеќе на момчињата, отколку на девојчињата.

Прашањето кое се наметнува е дали родителите треба да одбиваат да им даваат антибиотици на своите деца, заради резултатите од оваа студија? Педијатрите велат дека тоа не треба да биде случај, бидејќи антибиотиците на бебињата им се даваат како основна клиничка потреба, а со добра исхрана и пробиотици заедно со антибиотикот, дебелеењето може да се спречи од најраното детство.

Исто така, многу е важно со педијатарот да имате добра комуникација и детално да ви објасни заради што на детето му се потребни антибиотици. Често може да се случи лекарите да почекаат неколку дена со препишувањето на антибиотик, но исто така постојат и такви лекари кои препишуваат антибиотици и кога за тоа нема голема потреба. Иако се лек, антибиотиците со себе носат одредени ризици и треба да се даваат тогаш кога е тоа многу потребно.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Готвач за бебе
Кашички од зеленчук од 6 – 8 месеци
4
Првата година од животот на детето (втор дел)
Сите родители се среќни ако детето нормално се развива и ако е здраво. За таквиот развој и самите можат да допринесат, а...
4
Развој на изговорот на гласовите
Крикот и плачот ја претставуваат првата вокализација на новороденото. Крикот со време се претвара во плач од кој постепе...
4
Авантурата наречена "Бебе"
Првата година со бебето е како патување со возот на ужасот - летала кон небесата од радост, но и нуркање кон бездна. Цел...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?