|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Грчеви кај доените бебиња

Редакција Рингераја, 5.4.2011
Грчевите, познати под името колики кај доенчињата, се своевидно чудо на природата. Нападите на плачење обично започнуваат две до три недели по раѓањето, најчесто во попладневните и вечерните часови, а престануваат кога бебето ќе наполни три месеци

image
/11


 

Грчевите, познати под името колики кај доенчињата, се своевидно чудо на природата. Нападите на плачење обично започнуваат две до три недели по раѓањето на бебето, најчесто во попладневните и вечерните часови, а конечно престануваат кога бебето ќе биде старо околу три месеци (поретко и нешто подоцна) Кога бебето плаче, се чини дека е неутешно, иако може привремено да се смири ако го држите во раце, нишкате или возите. Освен плачењето, кое секојдневно се јавува во ист период од денот, бебето добро напредува и не се забележуваат симптоми на болест.

И покрај бројните испитувања, до денес не е до крај расветлена причината заради која се јавуваат коликите. Во склад со тоа, не постои лек против коликите и терапија која делува. Испробани се многубројни препарати и постапки, но без докажана корист. Секако, секој познава некого чиешто бебе е “излечено” од колики, на одреден начин. Исто така јасно е дека секоја постапка ја олеснува состојбата на бебето и добро делува, но на кратко.

Доколку се земе во предвид фактот дека грчеви имаат повеќе од 50% од бебињата, без оглед на начинот на исхрана, постојат три ситуации кои, кај здрави доени деца, можат да бидат причина за појава на грчеви во стомачето.

 

1.      Давање на двете дојки во секој подој

Не е редок случајот на мајките да им се советува да дојат 20 минути на секоја дојка. И тоа, за жал, може да биде причина за проблемот. Мајчиното млеко се менува во тек на доењето. Млекото станува се погусто, а процентот на масти се зголемува колку бебето цица подолго. Ако мајката ги менува дојките во тек на еден подој, пред бебето да “заврши” со едната страна, бебето добива премалку масно млеко. Ако бебето добие помалку калории, ќе има потребна да се дои почесто. Ако исцица повеќе млеко (со цел да го надомести недостатокот на калории) ќе блуцка. Заради релативно малата количина на масти во млекото, желудникот на бебето се празни побрзо, а големата количина на лактоза, одеднаш стигнува во цревата. Цревата не можат да поднесат толкава количина на протеин, кој доаѓа од лактозата, па се јавуваат симптоми на интолеранција на лактоза – плач, гасови, водени и зелени столици. Тоа може да се случи и во тек на хранењето. Таквите деца не се нетолерантни на лактоза. Тие имаат проблеми со лактозата затоа што нивната мајка добила погрешни информации за доењето. Тоа не е причина за прекинување на вештачка храна, без лактоза.

 

Што може да направите?

  • Секогаш внимавајте бебето да ја зафати добро дојката со устата. Правилната положба е клуч на успешно доење. Проблемите со доење се најчести во општествата каде секој носи часовник, а најмали таму каде што не носи никој.
  • Мајката треба да го дои бебето на едната дојка, додека бебето цица – се додека бебето не ја испушти брадавицата, или не заспие. Ако детето прекратко се дои, можете да го поттикнете цицањето со блага компресија на дојката. Водете грижа за времето на активно цицање – бебето може два часа да биде на дојка, а да цица активно само неколку минути. Ако бебето сака да јаде и откако ја “завршило” едната страна, во тој случај понудете му ја и другата дојка.
  • Следниот подој бебето нека го започне на другата дојка, на истиот начин.

Немојте да следите никакви “правила” во давањето на едната или другата дојка за време на подојот. Секогаш допуштете му на бебето да цица од едната страна, а кога ќе заврши, префрлете го и на другата дојка.

Ако Ви се чини дека Вашето бебе има потреба почесто да се дои, можете да му ја понудите истата дојка, со цел што побргу да стигне до хранливото млеко.

 

2.      Силен рефлукс на отпуштање на млекото

Бебето кое пребрзо добива голема количина на млеко, може да стане многу нервозно додека цица. Неколку секунди, или минути по почетокот на подојот, бебето почнува да кашла, да се гуши или да се бори со дојката. Ако ја испушти дојката, млекото ќе Ви тече во млаз. После тоа бебето повторно почнува да цица, но веќе е надразнето и нервозно, па го повторува истото. Бебето може да биде несреќно заради брзиот доток на млекото, и нестрпливо кога дотокот ќе се намали. Тоа може да биде напорно за мајката.

Што може да направите?

  • Постојат положби во доењето со кои можете да го намалите дотокот на млеко во устата на бебето. Можете да се обидете да доите така што Вие ќе лежите на грб, а бебето ќе лежи на Вас и притоа да и ја придржувате главата и грбот. На тој начин главата на бебето се наоѓа над дојката.
  • Кога во текот на доењето ќе почувствувате дека надоаѓа млекото, треба да го тргнете бебето од дојката. Секогаш до Вас имајте пелена на која можете да го оставите млекото да истече. Таквата кратка пауза е подобра отколку да го оставите бебето да се наголта воздух и да плаче.
  • Обидете се да го исправите бебето да подригне. Потоа сменете ја положбата на доење.
  • Ако знаете дека “страдате” од преактивен рефлекс на отпуштање на млеко можете непосредно пред подојот да измолзете одредена количина на млеко.

 

3.      Несакани протеини во мајчиното млеко

Некои протеини од исхраната на мајката може да се излачуваат во млекото и можат да влијаат на бебето. Најчесто тоа е протеинот од кравјото млеко. Меѓутоа, во мајчиното млеко можат да бидат присутни и други протеини и супстанции, кои во основа не се лоши, но предизвикуваат грчеви кај недоволно развиениот систем за варење на храната кај бебињата. Од ова произлегува дека во лечење на доено бебе, кое има грчеви, прво што мајката треба да направи е да го исфрли кравјото млеко од својата исхрана. Тоа значи да избегнува млеко, јогурт, сладолед и се останато што содржи млеко.

Запомнете: Интолеранција на млечни белковини не е исто што и интолеранција на лактоза. Мајката која покажува интолеранција кон лактоза, сеедно треба да го дои бебето.

 

Што може да направите?

  • Исфрлете го млекото и млечните производи од исхраната на 7-10 дена. Ако нема подобрување повторно воведете ги.
  • Ако постои подобрување, пополека враќајте ги млечните производи во Вашата исхрана, но само ако претходно сте ги користеле (нема потреба мајката да пие млеко, за да произведува млеко) Некои бебиња воопшто не ги поднесуваат млечните производи во мајчината исхрана.
  • Ако Ве загрижува внесувањето на калциум, можете да го земате и без млечните производи. Распрашајте се за тоа. Недела дена без млечни производи нема да Ви предизвика проблеми. Всушност, докажано е дека доењето ја штити жената од остеопороза, дури и ако дополнително не зема калциум.
  • Треба да внимавате да не ја осиромашите премногу Вашата исхрана. Секој познава некого чиешто бебе било подобро откако мајката не јадела брокула, телешко месо, банани, леб и слично. Така еден ден ќе сфатите дека јадите само бел ориз.

 

Најважно е да бидете трпеливи. Без оглед што моментално се случува, ќе биде подобро! Дури и ако ништо не помага, времето ќе го направи своето. Ноќите исполнети со бебешки плач можеби Ви се чинат бесконечни, но деновите со колики сепак поминуваат.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
10
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
5
Видео: Еден ден од животот на секоја мајка
Ни се допаѓа како во ова видео е прикажано колку многу обврски се вклопуваат во денот на една мајка. СИГУРНО ќе помислит...
5
Бебешката храна е полна со шеќери и масти!
Германската организација за заштита на потрошувачите Foodwatch спровела истражување за квалитетот на производите кои се ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?