|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Голем хуманитарен базар со Бимилк во Веро

БиМилк, 19.12.2017
Завршува тримесечниот проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“ за зачувување на животната средина

image
/11


 

На 23 декември со почеток во 12 часот во Веро Центарот во Скопје ќе се одржи завршниот настанво рамките на големиот проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, кој во изминативе 3 месеци се реализираше во повеќе градинки низ Македонија.

 

Настанот е од хуманитарен карактер и таму ќе бидат изложени предметите изработени од амбалажи Битолско млеко, кои дечињата во претходниов период ги изработуваа во своите градинки, а посетителите ќе имаат можност со нивно купување да донираат за СОС Детското село Македонија.

 

Всушност, покрај едукација за грижа за природата и создавање здрави навики преку консумација на млеко и млечни производи, токму хуманоста беше и крајната цел на овој голем проект во кој близу 2.000 деца од 8 градови низ Македонија, заедно со нивното омилено Битолско Чупе, учеа и за солидарноста кон оние што имаат помалку и како да си помагаат едни со други.

 

„Пресреќни сме што децата од сите градови што ги посетивме одлично ја прифатија оваа наша иницијатива и доколку успеавме барем до половината од нив да ја пренесеме нашата порака за негување на вистинските вредности – за нас мисијата е исполнета. Затоа, ги повикуваме сите што зедоа учество во овој проект, но и оние што сакаат да ги видат изработките на децата и да донираат за СОС Детското село, да нè посетат во сабота во Веро Центарот, да уживаат во празничната програма што ја подготвивме и заедно да ја покажеме хуманоста на дело“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

 

Инаку, за хуманитарниот базар е најавена богата предновогодишна програма во која главната улога ќе ја имаат Ивце Пивце и Битолското Чупе, меѓутоа предвидени се и многу игри, забава, претстави и награди за најмалите.

 

Токму во претпразничниот период, кога е време на подарување, споделување убави моменти и искрена солидарност кон децата, Битолска млекара и Веро ги покануваат сите заинтересирани што сакаат да ја покажат својата хуманост, да го дадат својот придонес кон СОС Детското село Македонија и да го поминат ова саботно попладне со многу забавни активности за целото семејство.

 

1

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
3
Известување за фановите на нашата страница...
Дали забележувате дека Рингераја.мк се помалку се појавува во “Новости” на Вашиот Facebook профил и покрај тоа што има 4...
3
Вкусен залак кој го убива холестеролот!
Едно авокадо дневно може значително да го намали нивото на холестерол во крвта
3
Традиционално во Рамстор Мол: Рециклираме
Трговскиот центар Рамстор во соработка со Пакомак и Шпаркасе банка, по четврт пат ќе го организира најголемиот еко маске...
3




Анкета

Пари
Jana9

Во што штедите пари?

Во каса (50%)

На штедна книшка (17%)

Не штедам (33%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!