Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон заедно со принцот Вилијам, ја посети Шкотска оваа недела и доби прекрасен шкотски подарок.
Принцот Вилијам и Кејт, беа забележани како насмеано го прифаќаат подарокот, во MacRosty парк, каде беа поздравени од локалното население кое ги гледаше со восхит. Големата плишана играчка, беше со килт – парче облека, симбол на Шкотска.

Помеѓу другите подароци кои ги доби кралската двојка беше и плишано кученце (омилената раса на кралицата), наменето за 10 месечниот принц Џорџ. Книгата Jake’s Bones на 12 годишен автор исто така се најде меѓу подароците за малиот принц, а авторот доби можност подарокот да го врачи лично.


Нивната обиколка ја продолжија попладнето во Glenturret Distillery каде го дегустираа познатото Famous Grouse шкотско виски и позборуваа со локалните претставници на заедницата. Имаа можност да научат за нациналниот пијалок на Шкотска и најстарата Шкотска дестилерија од 1775 година. На крајот принц Вилијам и војвотката од Кембриџ го посетија селцето Forteviot за да уживаат во прославата. Forteviot бил некогаш главен град на Шкотска, а сега е место на археолошки ископини.
Во Шкотска, принцот Вилијам и Кејт се познати како Ерл и грофицата од Strathearn и ова е прв пат да се појават таму откога се венчаа во април 2011 година.
4
4
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја следите овулацијата во домашни услови?
Следењето на овулацијата дома може да им помогне на жените подобро да ...
Што се случува со бебето во првиот месец од животот?
Првиот месец од животот е период на огромни промени за новороденчето. ...
Близнаците се едно од најинтересните чуда на природата. Тие настануваа...
Што е вонматерична (ектопична) бременост?
Вонматерична или ектопична бременост е состојба кога оплодената јајце ...
Што се Кегелови вежби и зошто се важни?
Кегеловите вежби се едноставни вежби кои ги зајакнуваат мускулите на к...