|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Др. Комаровски: Како да ги избегнете вирусите?

Редакција Рингераја, 27.10.2015
Сезоната на настинки и вирусни инфекции е во ек и претстои период кога многу деца се седум дена во градинка, па две недели дома и така во круг. Постои ли начин за да се избегнат вирусните инфекции?

image
/11


 

Нашата јавност неодамна се запозна со Др. Комаровски, педијатар од Харков, кој ги едуцира родителите на територијата на Русија. Темите кои ги обработува се разновидни, од уредување на собата, преку сите можни родителски стравови, детски болести, животни ситуации, па се до удар од гром.

Сезоната на настинки и вирусни инфекции е во ек и претстои период кога многу деца се седум дена во градинка, па две недели дома и така во круг. Нашите педијатри советуваат слични мерки и помалку или повеќе знаеме што би требало, а што не, иако кон тоа не се придржуваме (инаку не би имало толку многу деца по трговските центри).

Како прво и основно со цел заштита од вирусни инфекции, Др. Комаровски го наведува престојот на отворено и избегнувње на гужва. “Концентрацијата на вирусите под ведро небо е илјада пати помала отколку во било кој затворен простор, било да е тоа стан, училница, автобус. Затоа би трербало да размислиме два пати пред да ги однесеме децата некаде. Тажен е призорот на војска деца по скалите на трговските центри, каде се стегаат во игтотека, бидејќи надвор е ладно” Тажно е и тоа што од детето често ќе слушнете: “Денес не бевме надвор”.  “Зошто?” “Па воспитувачката рече дека е ладно”. Сигурно е дека воспитувачките знаат колку е важен престојот надвор и се надевам дека се ближи моментот кога тоа ќе стане задолжително.

Др. Комаровски советува: Ако некој во непосредна близина кива, кашла, шмрка – држете растојание. Миењето на рацете и проветрувањето на просторијата не треба да се нагласува, туку да се подразбира. И врапчињата знаат дека честичките на вирусите опстојуваат со денови во загушлив, топол и остроен воздух, а практично умираат во истиот момент на чист, ладен и свеж воздух. Во своите препораки за заштита од вирусни инфекции Др. Комаровски ги наведува оптималните вредности на воздухот за просториите во кои се престојува: температура 16-22 Ц, релативна влажност на воздухот 40-70%. Држете се до овие граници и ако ви е ладно, облечете се. Не претоплувајте. Одржувајте влажност во просторијата. Проветрувајте.

И неколку практични совети на Др. Комаровски: ставете ракавици кога морате да се фатите за нешто на јавно место. Навлажнувајте ја слузокожата на дишните патишта. Користете капки на база на солен раствор. Колку повеќе луѓе има во околината, толку повеќе користете капки за нос, но оние на база на солен раствор. Испирајте ја устата со обична вода.

И уште една многу важна напомена на Др. Комаровски: Не постојат Медикаменти кои ја намалуваат веројатноста од вирусна инфекција. Веројатноста од заболување ја намалува здравата храна, активниот начин на живот, доволно сон, насмевка и добро расположение.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
Лековито дејство на солта
Терапија во солена соба се препорачува за децата и возрасните. На болните заради лекување, а на здравите превентивно, би...
4
Програма на приватната детска градинка Амичи
Приватната детска градинка Амичи работи веќе осум години и успешно се рангира на високо место кога станува збор за квали...
3
Тајниот јазик на бебињата
Психолошките истражувања покажуваат дека бебињата мислат и остваруваат контакт со околината уште пред да почнат да збору...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?