|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Доењето е здравствено прашање, а не начин на живот

Редакција Рингераја, 3.8.2012
Американската академија за педијатрија суптилно ги промени упатствата за доење на новородените бебиња: Доењето веќе не е право на избор и животен стил туку јавно здравствено прашање

image
/11


 

 

Голем дел од препораките не се разликуваат радикално од претходните верзии. Но заедничкото признание на 60.000 педијатри дека доењето е најдобро за мајката, детето и за општа национална благосостојба, ја подигна свеста за важноста на доењето.

Заедницата “Најдоброто за бебињата”, која дава безрезервна поддршка за доење ја пофали ААП за изедначување на доењето со јавното здравство: “Оваа препорака станува одговорност на сите нас, а не само на мајките. Потребно е да се обезбеди инфраструктура и социјална поддршка за да се дојде до поголема бројка на мајки кои дојат. Ако можеме да ја подигнеме свеста за рак на дојка, можеме и за доењето.”

Др. Richard Schanler претседател на одделот за доење во ААП и директор на неонатологија во Медицинскиот центар Коен е уште поконцизен: “Не смеете да се запрашате дали треба или не треба да доите. Се разбира дека треба! Тоа е важно за здравјето на Вашето бебе. Тоа е важно и за Вашето здравје исто така.”

Богатството на нови податоци за ефектите од доењето влијаеше на тоа ААП да ги ажурира своите водичи. Истражувачите откриле дека доените бебиња имаат помал ризик од SIDS (sudden infant death syndrome), добиваат помалку ушни инфекции, помала веројатност за дебелеење или кардиоваскуларни болести, намалена хоспитализација за пневмонија. Мајките имаат намален ризик за рак на градите, јајниците и материцата. Времетраењето на доењето е исто така многу важно: “Колку подолготрајно и поексклузивно е доењето, некои од ефектите стануваат позначајни” вели Richard Schanler. “Хоспитализацијата за пневмонија е значително намалена ако бебето е на исклучиво доење во првите шест месеци, за разлика од ефектите за исклучиво доење во првите четири месеци. Како можете да кажете дека тоа не е важно?”

Со помош на новите податоци, направена е преваленција на упатствата на ААП. Тековната политика повикува на ексклузивно доење во првите шест месеци, по што следи контитуирано доење со другата храна кое ќе продолжи најмалку до првата година или  повеќе, по взаемна желба на мајката и бебето.

“Не значи дека млекото ја има истата нутритивна вредност по првите шест месеци, тоа повеќе има психолошко влијание врз бебето. За нив дојката е како нивно ќебенце за заспивање и не гледаме ништо лошо во тоа”, вели Schanler.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
3
Хипотонија или млитавост
Млитавост или хипотонија е намалување на тонусот на мускулите и кај бебињата се јавува релативно често, понекогаш во ком...
3
10 најголеми грешки при заспивање на дете
Дали имате проблем да го заспиете вашето дете и се буди во текот на ноќта? Прочитајте некои од најчестите погрешни чекор...
3
Колку сон им треба на бебињата? Табела за ...
На бебињата им треба многу сон, но колку точно на секоја возраст? Овој пост ќе ве научи колку спиење му е потребно на ва...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?