Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
/11
Честопати, родилките кои се породуваат со царски рез имаат чувство дека нивното тело ги изневерило и дека не го направило она за што е создадено. Мајките кои родиле со оперативен зафат неретко се соочуваат и со коментари дека го избрале полесниот начин и дека не искусиле како е да се биде мајка.
Motherly создаде емотивно видео кое ги потсетува мајките што родиле со царски рез дека нивното тело не ги изневерило, дека овој начин на породување не е „полесен“ и дека најважно е нивното бебе да дојде здраво на овој свет.
ДО МАЈКАТА КОЈА ИМАШЕ ЦАРСКИ РЕЗ:
Твоето тело не те изневери
Ова не беше „полесниот“ начин
Независно дали беше дел од твојот план или е одлука направена во последен момент
Невозможно е да се подготвиш за моментот кога ќе бидеш одвезена во количка во операционата сала
Ја совлада нервозата
Беше храбра
Си дозволи себеси да бидеш ранлива
Го надвладеа стравот
Го роди твоето дете
Го почувствува слаткото олеснување од ТОЈ плач на новороденче
За конечно да ја запознаеш мала душичка која ја чекаше
За да станеш мајка
Го имаш твоето бебе безбедно во твојата прегратка
Ќе ти треба време и простор за да заздравиш
Па, биди трпелива кон себе
Додека го запознаваш твоето ново бебе, ќе го запознаеш и твоето променето тело
Можеби ќе се чувствуваш надвладеано на почетокот, но секој ден ти се менуваш
И кога ќе ја видиш твојата лузна, запомни:
Тоа беше врата кон животот
А ти си воин
Го можеш ти ова.
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...