|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дали мултивитамините се достојни за нашите пари?

Редакција Рингераја, 21.1.2014
Постојат мултивитамински и минерални таблети за различни полови и возрасти, кои се направени од различни билки со додадени бонус состојки кои го подигнуваат имунитетот. Но дали тоа е потребно? И дали треба мултивитамините да се стават на прво место?

image
/11


 

 

Сегментација на препаратите

Таргетирањето на апчиња  за различни полови и возрасти е најочигледен пример за мултивиитаминска сегментација на пазарот, со различни производи наменети за мажи, жени, тинејџери, луѓе на возраст над 50 години, деца, машки и женски деца, машки и женски тинејџери и мажи и жени на возраст над 65 години.

Луѓето од различни полови и возрасти бараат повеќе или помалку одредени хранливи состојки, според големината на нивното тело, различната стапка на метаболизам, нивото на активност и количеството на внесена храна.

Фрагментацијата е повеќе заради маркетинг, отколку што претставува вистинска потреба. На пример мултивитаминските препарати, во вид на гумени бонбони за децата се исти – различно им е само пакувањето – Дизни принцези или автомобили.

 

Дополнителни состојки

Друг начин на кој производителите се издвојуваат од толпата е што додаваат траги од билки, екстракти од храна или други матери за кои тврдат дека имаат специфични бенефиции. Но понекогаш екстра додадените состојки не се тоа за што се прокламираат.

Понекогаш лаже и името. На пример Blooms IntelliVit multivitamins нема да ја подобрат вашата интелегенција. Всушност името на производот се однесува на начинот на кој таблетите функционираат – имаат две фази на ослободување на состојките, за оптимална апсорпција во телото.

Дури и кога има клинички  доказ за благотворното влијание на додадените состојки, често тоа се мали дози кои немаат значаен ефект.

 

Мултивитамински недостаток

Прекумерното примање на одредени витамини и минерали може да биде опасно. Но во мултивитаминските препарати состојките се генерално присутни во пониска доза, така што е потешко да се добие хипервитаминоза и да се предизвика штета.

“Постојат толку многу хранливи материи кои не можат да се спакуваат во толку мала мултивитаминска таблета. Примајќи ги,  само се ограничуваме да го добиме вистинското од природни состојки”, вели Др. Кроу.

Недостатокот на мултивитамините е што можат да обезбедат само мал дел од спектарот на потребни витамини и минерали, во нивоа кои се далеку под препорачаните дози. Тука е и цената: популарните мултивитаминск препарати ќе ве чинат од 10-50 денари дневно. Ако ги земате со денови, месеци и години, ќе потрошите цело богатство.

 

Мултивитамини за деца?

Во случајот на децата, особено е важно родителите да изберат здрав избор на храна, наместо со мултивитамини да ги покриваат сите можни недостатоци во исхраната.

Др. Стентон нагласува дека не е во ред децата да јадат junk food само затоа што потребните витамини ги добиваат преку мултивитамински препарати. Една неодамнешна студија на деца од предучилшшна возраст во Австралија, покажа дека 31% од децата биле со прекумерна тежина, а во нивните диети недостасувале растителни влакна, а додадени биле премногу заситени масти. Оваа слика не се поправа со мултивитамински препарати, вели таа.

 

Значи кој има потреба од  мултивитамини?

Специфични витамини и минерали може да бидат корисни за следната група на луѓе, но имајте во предвид дека индивидуалните потреби се разликуваат и затоа е најдобро да се добие совет од здравствено лице пред да купите препарат на своја рака:

-          Бремени жени или оние кои се обидуваат да забременат – фолна киселина

-          Луѓе со ограничена изложеност на сончева светлина – Витамин Д

-          Луѓе на строга веганска диета, стари и изнемоштени лица или лица кои лошо се хранат – Витамин Б12

-          Луѓе на рестриктивни диети (нарушување на исхраната, алергии, интолеранција) – додатокот зависи од недостатокот во исхраната.

Сите останати мултивитаминските додатоци е најдобро да ги бараат во свежите производи од природата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога моето бебе може да преноќи без мене?
Првото разделување преку ноќ со бебето може да биде емоционално и за родителот и за детето. Но кога е вистинскиот момент...
14
Превенција од искривување на главата кај б...
Се повеќе бебиња имаат проблем со искривување на главата, што е последица на лежење на една страна. Се проценува дека 13...
4
10 начини како да бидете фантастична баба ...
Современи баби и дедовци не само што чуваат, тие инспирираат, водат и сакаат без граници.
3
Зошто бебињата не смеат да јадат мед?
И додека повеќето возрасни без проблем можат да јадат мед, кога станува збор за бебињата работата е поинаква
3




Анкета

Независност.
Admin

Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.