|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?

Редакција Рингераја, 10.5.2021
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информации за состојбата на плодот и можните генетски пореметувања. Процедурата опфаќа боцкање на стомачниот ѕид на бремената жена и земање примерок од плодовата вода

image
/11


Со напредокот на медицината докторите и пациентите можат да научат многу работи за развојот на фетусот во утробата и едно од средствата кои се користат за таа намена е амниоцентезата. Амнионскиот меур е исполнет со течност, во внатрешноста на матката, каде живее бебето. Во овој меур слободно се движат клетки од фетусот, протеини и бебешка урина.

Амниоцентезата е постапка која опфаќа земање на амнионска течност од матката со мала игла. Течноста и клетките кои се наоѓаат во неа се испитуваат заради генетски дефекти, инфекции и доколку е потребно за зрелост на фетусот.

Критериумите за спроведување на амниоцентезата се возраста на пациентката (над 35 години), претходната историја на болести на пациентката и кај членовите на потесното семејство и некакви аномалии на плодот забележани при ултразвук.

 

Што вклучува постапката?

Тестот прво вклучува лоцирање на амнионскиот меур. Стомакот на пациентката се подготвува и дезинфицира, а потоа во абдоминалниот ѕид се става танка и долга игла, под надзор на ултразвук. Ова може да се случува со, или без локална анестезија, но повеќето гинеколози практикуваат да го прават без анестезија. Движењето на иглата се следи на ултразвук, се влегува во внатрешноста на меурот и се вшмукува околу 30 мл амнионска течност – околу две супени лажици. Количеството на извадената течност е многу мало, бидејќи во оваа фаза од бременоста во меурот има околу 300 мл течност. Бебето не чувствува загуба на вода бидејќи таа веднаш ќе се регенерира. Ултразвучниот надзор помага иглата да се насочи на вистинското место.

Потоа течноста се става во сад – обично во три различни епрувети. Течноста е безбојна до бледо жолтеникава. Клетките на плодот во неа не можат да се видат со голо око. Епруветите се носат во лабораторија и се ставаат во центрифуга, која се врти многу брзо. Клетките, бидејќи се тешки, одат на дното на епруветата каде формираат мало бело топче. Овие клетки се вадат и се ставаат во мали садови во кои се додава хранлива течност која им помага да растат и да се делат, бидејќи хромозомите се гледаат само при делбата на клетките. Потоа клетките се пренесуваат на стакленца и се гледаат под микроскоп.

 

Алфа-фетопротеин е протеин образуван од црниот дроб на плодот, чие ниво расте, ако бебето има некакви аномалии. Покачени нивоа на АФП се показател дека бебето страда од спина бифида – дефект на мозокот и невралната туба. Од друга страна, ниското ниво на АФП може да е показател за синдром на Даун. Кога ќе се утврдат ненормални вредности на АФП потребно е понатамошно испитување со ултразвук и амниоцентеза, со цел да се утврдат вродени дефекти и хромозомски аномалии.

Нивоата на АФП може да се испитаат веднаш и да се утврди дали фетусот има спина бифида. Но кога станува збор за хромозомите и сите други генетски тестови кој е поврзан со истражување на ДНК, потребно е клетките да се остават да растат во лабораторија. За тоа е потребно околу 7-10 дена за да се добијат резултатите од хромозомските истражувања. ДНК тестовите одземаат малку повеќе време, можеби уште неколку дена, па и 1-2 седмици подолго.

 

 

Amniocenteza

 

 

Амниоцентезата може да се користи за:

* Дијагноза на голем број генетски и хромозомски аномалии кај фетусот, тестовите на Тај-Саксовиот синдром, срповидна клеточна анемија и други наследни заболувања.

* Помага при дијагностицирање на тежината на Rh-некомпатибилноста.

* Утврдување на зрелоста на белите дробови – тестирање на амнионската течност за зрелост на белите дробови може да им помогне на лекарите да донесат одлука во врска со раѓањето, кога се работи за предвремено породување, или за жени со дијабетес или друг статус, кој бара итно разрешување.

* Дефект на невралната туба, како спина бифида.

* ДНК тестови за голем број болести.

 

Консултирајте се со лекар или советник за генетика, ако имате прашања во врска со точно одредено заболување.

 

Ризици: Постои мал ризик од инфекција, или повреда на плодот. Исто така постои и мал процент на можност за спонтан абортус. Но амниоцентезата се врши кога има сомневање за постоење на одреден проблем, така што во овие случаи користа е поголема од евентуалната штета.

 

Забелешка:

Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Развој на фетусот месец по месец - видео
Бремена сте? Честитки! Дали сте љубопитни колку е големо вашето неродено бебе во развој, како изгледа вашето бебе додека...
5
Чувствувате студ за време на бременоста-да...
Дали чувството на студ за време на бременоста е нешто за што треба да се грижите?
3
3 начини да ја смирите болката во грбот во...
Како што напредува вашата бременост, количината на тежина што треба да ја носите се зголемува, но вашата рамка останува ...
3
Сонце, море, бременост
Заради промените во организмот, во текот на бременоста најдобро е да не се изложувате интензивно на директно сонце
3




Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?