|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Чекор до првиот чекор

Редакција Рингераја, 22.2.2011
Од седмиот месец детето станува заинтересирано за надворешниот свет, способно да ја искаже сопствената волја преку насмевка или повик, а тука е и силната желба за движење.

image
/11


 

 

Кога детето ќе лази?

Многу деца почнуваат да лазат кога ќе почнат да седат сами, некои пак многу подоцна, но тоа не е причина за грижа: како и секогаш, почитувајте го нивниот ритам. Скоро сите деца околу 7-8 месец покажуваат желба да се движат на сите четири, што ќе им успее околу деветтиот месец.

Но дури ни тогаш целта не се постигнува одеднаш. Веројатно ќе го видите Вашето дете како фиксира некоја играчка вон неговиот домет и вложува извесен напор да ја дофати, поместувајќи се наназад. Движењето наназад се случува бидејќи детето нема целосна контрола над долните екстремитети, нити јасен механизам за правец.

 

Секогаш зад мама

Фазата на одење наназад трае кратко. Обидувајќи се одново и одново детето брзо ќе научи да оди нанапред. Како неговото чувство на сигурност се зголемува, така ќе почни да Ве следи низ куќата како сенка. Постојат две причини за ова непрестајно “шпионирање”: детето не сака да биде само и лудо се забавува покажувајќи Ви колку е успешно. Пофалете го, доколку лазејќи направи покрет во саканиот правец. Ќе го исполните со гордост и ќе го стимулирате да напредува уште повеќе.

 

Неуморни гимнастичари

Гледајќи го детето како непрестајно се движи, спонтано ќе се запрашате: се уморува ли некогаш? Во суштина, малите деца имаат неверојатна енергија и тоа е добро бидејќи им требаат илјада погрешни обиди за да направат еден вистински чекор. Движејќи се со саати, потпирајќи се на колената и дланките, Вашето дете учи да ги координира своите движења.  Тоа всушност ја вежба главната точка: проодувањето. Набљудувајте го внимателно во првите недели откако ќе почне да лази: рацете и нозете не се синхронизирани, им треба уште малку време да се ускладат и прво ќе ја движи едната па другата страна.

 

Време на паѓање

Оставете го детето на раат да паѓа: тоа е составен дел од неговото искуство.

Кога еднаш ќе научи, никој повеќе нема да го запре: од 8-9 месеци многу малечки се обидуваат да направат барем една храбра работа, да се исправат на нозе, потпирајќи се на некоја потпора. И овој потфат бара време, трпение и на крајот на краиштата – паѓање. за да му го олесните вежбањето најдобро е да го ставите во оградичка која не може да ја преврти, која нема шилести делови и на која не може да се повреди ако случајно падне. Секако ставете го на мека подлога.

Без страв од паѓање! Децата никогаш нема да се повредат ако сами паднат на мека површина и ако околу нив нема опасни предмети на кои може да се удрат. за да бидете мирни ставете им само гумени играчки во оградичката и пуштете го да паѓа на раат: тоа е составен дел од неговото искуство.

 

Што ако не лази?

Ниту кај лазењето нема правила. Сите деца не ја поминуваат фазата лазење додека не се исправат на нозе.  Ако Вашето дете се влечи по подот за да дофати некој предмет, или од седечка положба се поместува нанапред, не грижете се: значи дека тој вид на движење повеќе му годи. Како и да е, фактот дека малечкото не лази нема да го направи неговиот моторички систем по спор. Ќе оди како и сите останати деца кога ќе биде спремно да се впушти во оваа авантура.

 

Возбуда заради првиот чекор

Околу првиот роденден детето почнува да прави по некој чекор, додека го придржуваат возрасните. Не заборавајте, секое дете има сопствен ритам и развојни фази. Нема причини за загриженост ако вашето дете малку заостанува во однос на своите врсници. Не го форсирајте. Ако го терате да оди, а сеуште не е спремно, веројатно ќе паѓа почесто, а стравот од паѓање ќе го направи претпазливо и ќе му го забави развојот.

За детето првите чекори претставуваат вистинско задоволство  кое е проследено со извесна доза на фрустрација: паѓањето е се почесто и детето се лути секој пат кога ќе изгуби рамнотежа и ќе падне на земја. Заради тоа првите чекори често ќе ги заменува со лазење. Оваа фаза трае кратко и остава отворен пат кон проодувањето: најсреќната слика во секое семејство, на која детето тетеравејќи се, со голема гордост, стигнува до своите родители, кои го чекаат со раширени раце на другиот дел од собата.

 

Заборавете на дубакот

До неодамна се случуваше детето да се стави во дубак во оној момент кога ќе се подигне на нозе. За многу мајки ова е одлична направа во која ги оставаат своите деца да се шеткаат во куќата без ризик. Специјалистите денес се против употреба на дубак, бидејќи може да предизвика задоцнување во проодувањето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
4
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
4
Дознајте каква боја на очи ќе има Вашето д...
Изгледот на детето секако зависи од комбинацијата на генетскиот материјал од родителите. Родителските гени се мешаат, а ...
4
Педијатарот и родителите
Педијатарот, секогаш за свои партнери ги има родителите бидејќи имаат заеднички интерес, а тоа е здравјето на детето
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?