|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Брокула – моќен лек против канцер

www.doktori.mk, 9.1.2014
Брокулата почнува да се смета за најсовршениот зеленчук во светот. Тешко е да не се сака зеленчук кој е естетски привлечен, има прекрасен вкус, може да се користи на безброј кулинарски начини и е на врвот со својата хранлива вредност

image
/11


 

 

Покрај тоа е одлична храна за слабеење и за борбата против канцер.

Брокулата е од родот Брасика, во кој спаѓаат и зелка, карфиол, кељ, жолто цвекло, репки. Постои најмалку 2000 години, потекнува од Италија а била омилена храна на Римјаните. Традиционално популарниот зеленчук, во последните 25 години постигна тројно зголемување на потрошувачката.

 

Комбинацијата на хранливи материи успешна во борбата со канцер

Во 1992 година истражувач од “Jonhs Hopkins” универзитетот од Америка го објавил своето откритие дека состјките во брокулата не само што го спречуваат развојот на канцер во 60% од истражуваните групи, туку и ја намалува големината на канцерот кој бил  развиен и до 75%. Сега брокулата е еден од најпродаваните зеленчуци во Америка.

 

Состојките на овој зеленчук се меѓу најмоќните оружја во човековата борба против канцер.  Придонесува и за зајакнување на имунолошкиот систем, ја намалува зачестеноста на појавување на катаракта, го поткрепува кардиоваскуларното здравје, учествува во градењето на коските и се бори против проблеми во бременоста и породувањето. Брокулата  е богата со корисни хранливи материи и има многу ниска калориска вредност. 100 грама брокула содржат само 28 калории, 3 грама протеини. Од дневните препорачани дози содржи 67% витамин С, 20% витамин А и дури 110% витамин К. Покрај тоа содржи повеќе хранливи материи со моќни анти-канцер својства, мало количество селен, тиамин, рибофлавин, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, диететски влакна, фолати и манган. Материјата diindolylmethane е моќен модулатор на природниот имунолошки систем одговорен за антивирусните, антибактериските и антиканцерозните својства. Брокулата содржи и glucoraphanin, материја која може да се обработи во антиканцер соединение. Оваа придобивка значително се намалува доколку брокулата е сварена. Брокулата е исто така добар извор на indole-3-carbinol, состојка која поправа ДНК во клетките и го спречува растењето на канцер клетки. Брокулата содржи големо количество каротеноиди, лутеин и бета-каротен.

Редовното внесување на големи количини брокула го намалува ризикот од агресивен рак на простата, и е корисно во превенција од срцеви заболувања. Но не треба да се претерува со конзумирањето, бидејќи сулфатот кој го содржи може да предизвика чувство на мачнина и надуеност на стомакот.

Поради малото количество калории и богатата хранлива вредност брокулата е познат вид на исхрана за слабеење. За да ги потрошите калориите од порција брокули потребни се само 5 минути пешачење или 2 минути брзо трчање.

 

 

Корисни совети

Брокулата е достапна преку цела година во маркетите, но најубава е кога расте на ладно време.

Кога одбирате брокула запамтете дека треба да има свеж мирис, затегнат и цврст труп, голема и темно зелена (или пурпурна) глава. Избегнувајте глави кои имаат расцветани жолти цветчиња.

Брокулата (трупот, главата, листовите и нерасцветани цветчиња) може да се јаде сирово или варено. Сирово, може да се конзумира самојстојно или како салата. Зготвена може да се јаде како гарнир, прелиена со сос, со тестенини или ориз, омлет, супи и чорби.

Кога се чува брокулата треба да се остави неизмиена. Се чува во отворена пластична ќеса во фрижидер. Тоа ќе ја избегне влагата и ќе спречи создавање на мувла. Може да се чува до пет дена.

Брокулата може да се подвари и замрзната да се чува во фрижидер до една година. Брокулата е многу осетлива на етилен, гас кој го создаваат некои овошја и зеленчук. Гасот го забрзува процесот на стареење на брокулата, затоа брокулата не треба да се чува блиску до јаболка, банани, моркови, кајсии, диња, киви, манго, праски, круши, домати.

Уживајте во совршената порција зеленчук!

 

1

 

Ема Танаскоска

креативен соработник

 

doktori.mk.logo

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
4
Дознајте каква боја на очи ќе има Вашето д...
Изгледот на детето секако зависи од комбинацијата на генетскиот материјал од родителите. Родителските гени се мешаат, а ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?