vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
По повод престојната “Детска недела” којашто ќе трае од 3 до 9 октомври под мотото „Борете се за детските права“, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски на прес конференција информираше дека во периодот на Детската недела се обезбедува поддршка од сите општествени фактори во насока на подобрување на статусот на децата на еден симболичен начин со тоа што голем број институции ќе одвојуваат симболичен дел од своите средства кои се собираат врз основа на продадени карти за спортски настани, кина, театри итн.
Министерот Ристовски информираше дека годинава интерес за вклучување во одбележувањето на “Детската недела” пројавиле и приватни бизнисмени.
Средствата, што по разни основи ќе бидат собрани во рамките на “Детската недела” ќе бидат наменети за заштита на најранливите групи на деца во земјава.
“Оваа година дел од средствата ќе бидат наменети за подобрување на состојбата и доразвивање на мрежата за грижа на децата на улица во различни форми, како Транзитниот центар, дневните центри за деца на улица и воспоставување на Центар за рехабилитација на деца на улица”, рече министерот Ристовски.
Во оваа акција за промоција на правата на децата и нивната заштита е вклучен и Сојузот за грижи и воспитување на деца на Македонија кој го изработи и испечати промотивниот материјал.
Станува збор за плакати, поштенски марки, детски пасоши и беџови.
Марките можат да се купат по цена од 2 денари, 5 денари и 50 денари. Вакви марки ќе бидат лепени на поштенските пратки, картите за авион, автобус, воз. Парите од продадените марки, Сојузот ќе ги пренамени за некоја институција на ранливите групи на деца.
Во рамки на “Детската недела” ќе бидат организирани и посета на деца на Собранието на Република Македонија, ликовна изложба за деца од претшколска возраст, фестивал на детско поетско творештво и бројни други активности.
,.Детската недела,, се одржува секоја прва полна недела во месец Октомври секоја година и трае седум дена.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...