namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Рингераја: Од каде произлезе идејата за ваква хуманитарна акција и чија беше идејата?
Мама Меги: Идејата беше моја. Ми излегоа фотографии во телефонот од минатата година каде моите деца беа сликани со новогодишните пакетчиња кои ги собраа од најблиските,и тоа беа сигурно над 20. Првото нешто што ми падна на памет беше , " а некои деца немаат ниту едно пакетче".
Тогаш првата работа која ја помислив е дека секој може да тргне настрана барем 3 пакетчиња од пакетчињата на своите деца или еден ден да не пие кафе во кафич и со тие 200,300 денари да купи 2 пакетчиња и да ги подари на некои деца кои немаат можности за истото. За детска насмевка и да направиш некој среќен е потребно многу малку. А исто ќе се чувствува и лицето кое донирало,бидејќи ќе даде до знаење на некој дека Дедо Мраз може стварно постои и за нив и дека сите деца се исти.
Рингераја: Дали сето ова го постигна сама или имаше поддршка/помош од некој?
Мама Меги: Откако објавив стори на мојот инста профил,со прашање "дали некој сака да учествува во хуманитарна акција со новогодишни пакетчиња", бев свесна дека сама нема да можам да постигнам толку многу,а сакав секако да бидат повеќе пакетчиња.
Во инбокс се пријавија многу мајки (на мојот профил претежно се мајки поради таквата содржина),од една страна бев изненадена,од друга не, затоа што знаев дека ние како народ секогаш сме биле хумани и ќе се пријават голем број. Така и беше, секојдневно ми пристигнуваа многу пораки и тогаш сватив уште една работа,дека јас сум од Радовиш,пакетчиња ќе има многу повеќе отколку што ми требат само за мојот град, ама не ми беше познато како ќе оди тоа во други градови.
Прв што ми падна на памет беше @bombakis , сите го знаеме дечкото со картоните. Со него соработувавме претходно на еден негов проект "ширете љубов" што значи веќе имав некаков контакт со него,знаев дека и со големиот број на следбеници па и со позитивната енергија којашто секојдневно ја шири дека ќе ми помогне на некој начин.
Идејата ја споделив со него,се согласи,ми даде поддршка и ми кажа дека нешто планирал и тој во врска со дечиња па добро се вклопија и двете работи. Тој извади песна со Туте која се вика "Се би дал" и е посветена на сите дечиња, во соработка со модната дизајнерка Ивана Кнез.
Покрај Бомбакис се вклучи и Таше, познат кувар од Гевгелија кој беше задолжен за тој регион.
Рингераја: Колку пакетчиња собравте и каде се ќе бидат донирани?
Мама Меги:Пораките од оние кои сакат да донират и бројот на пакетчиња секојдневно растеа. Кон организацијата само кај мене се приклучија повеќе од 100 членови.Собравме околу 2000 пакетчиња и истите ќе бидат распределени низ повеќе градови низ државата,околу 18 општини. Конкретно ќе бидат донирани во центри за деца со посебни потреби,деца со попреченост во развојот,деца со аутизам,деца со целебрална парализа и деца без родители.
Дел од пакетчињата беа донирани и во Црвен Крст за да можат тие да ги распределат по социјално загрозени семејства бидејќи поради ситуацијата со ковид 19 беше тешко да бидат донирани лично од наша страна.
Рингераја: На кој начин ќе бидат распределени низ градовите низ цела држава?
Мама Меги: Во секој град најдовме по еден или двајца одговорни кои ќе ги собираат пакетчињата од луѓе кои донираат во својот град и истите тие одговорни најдоа центри за донирање.
Затоа и се заблагодарувам од се срце за поддршката и помошта која ми ја дадоа,бидејќи без нив ништо немаше да направам сама.
Ви благодарам:
@katanasovska
@despinacareva
@ivana_todevska
@magdalenastoilkovska
@blazeska97
@kikas_lifee
@mama.of.princes.matea
@mother.of.three.daughters
@tina.ilievska
@tanjakostadinovska
@mommybbyl
@toddlereva_activities
@princessbowtique20
@alazarevska
@bojadziskih
Ви благодарам на сите кои учествувавте во организацијата #ијассумдете и пресреќна сум што ќе израдуваме голем број дечиња.
Се надеваме дека ова ќе стане традиција за секоја година и дека ќе ја подигнеме свеста кај сите граѓани да донираат секогаш кога треба и каде што треба.
До следно видување!
View this post on Instagram
A post shared by (@mamamegi)
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...