|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Април-месец на аутизмот 2014 година

Во мојот свет, 1.4.2014
Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ традиционално и оваа, трета година по ред ја покренува веќе познатата кампања под името „Еден свет за сите“ инспирирана од 2-ри Април Меѓународниот ден на аутизмот

image
/11


 

Кампањата ќе се води во тек на целиот месец Април (прогласен за месец на аутизмот во РМ) и е во соработка со семејниот интернет медиум РИНГЕРАЈА и подршка на Волонтерскиот Центар Скопје, а како подржувачи и покровители се јавуваат голем број истакнати компании од бизнис секторот во РМ, потоа амбасадори на странски држави во РМ, државни институции, министерства, научни и културни  работници, медиуми, како и високиот претставник на ЕУ г-нот Аиво Орав и г-ѓата Маја Иванова. Целите на оваа кампања се подигнување и зајакнување на јавната свест за постоењето на проблемот со аутизам, како и едукација и поблиско информирање за овој проблем, неговата фреквенција, рана дијагноза и третмани.

Централниот настан ќе се одржи во Skopje City Mall на 2-ри Април со почеток во 17:00 часот со пригодна програма и настап на дечиња од ПОУ Иднина, ПОУ Д-р Златан Сремац, ПОУ Маца Овчарова од Велес, Златно Славејче, балетско студио Ребис, пријатно изненадување за лицата и семејствата со аутистичен спектар и обраќање на високи претставници од институции, амбасади како и родители со дечиња со аутизам. Своето присуство го најавија и старите пријатели на здружението, мото клубот НОЌНИ ВОЛЦИ, а дечињата ќе ги анимира и маскотата на Sparkasse Банка со пригодни подароци. Завршно ќе биде сложување на сложувалката-симбол на аутизмот која ќе ја сложат дечињата со помош на ракометарите на Металург, пропратено со делење и пуштање на сини балони (бојата на аутизмот).

На самиот ден, 2-ри Април здружението ВО МОЈОТ СВЕТ ќе го осветли Археолошкиот музеј во сино и така уште еднаш ќе ја вклучи нашата држава во светската кампања LIGHT IT UP BLUE кога за меѓународниот ден на аутизмот ширум светот истакнати објекти и знаменитости на градови и држави се осветлуваат во бојата на аутизмот и со тоа ја изразуваат подршката кон лицата со аутизам.

Во рамките на кампањата „Еден свет за сите“ во тек на цел Април ќе се одржат повеќе креативни работилници, округли маси, дружење и прошетка на дечињата и семејствата со аутистичен спектар, настап и дебати по медиумите, печатени флаери и плакати и медиумска покриеност на настаните како во пишаните и електронски медиуми така и на страниците на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ и РИНГЕРАЈА. Настаните ќе се одвиваат во трите шопинг центри Skopje City Mall, Рамстор и Капитол кои ќе бидат брендирани со логоата и плакатите од кампањата и како и активности во Зоолошката градина-Скопје. Во кампањата се вклучува и спортскиот клуб „Roots BJJ Centar“ од Скопје кој овозможува бесплатни тренинзи за децата за бразилско џиу џицу и џит кун до, вежби за психомоторна реедукација, со соодветна програма адаптирана на секое дете индивидуално, во зависност од неговите можности и способности.

Значи престои месец на интензивна работа, соработки и настани преку кои уште еднаш здружението ќе испрати порака до македонската јавност за постоењето на овој проблем и неопходноста од преземање напори и активности за негово сузбивање, како и покажување на општествената одговорност на сите субјекти кон оваа категорија на наши сограѓани.

По тој повод здружението ВО МОЈОТ СВЕТ и РИНГЕРАЈА ве покануваат на заедничка дружба и соработка за одбележување на овој ден кој се одбележува ширум светот.

 

За подобро утре-„Еден свет за сите“...

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Донација за Домот за деца без родители
Генералниот покровител на Хуманитарната акција „Прегратка на Дар“ заедно со своите партнери, „ненаситно“ продолжува со х...
4
Натусана - 20 години присуство на македонс...
Оваа година се навршуваат 20 години од присуството на Натусана на македонскиот пазар. По тој повод се организира голема ...
4
Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
3
HAPPY STAR PHOTOGRAPHY ве наградува!
Фотографирањето со HAPPY STAR е возбудлива и интересна авантура, во која ќе уживате. Ние ги користиме нашите вештини и д...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?