|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

8-ми март веќе не е тоа што беше

Лорета Петровска, 7.3.2018
8-ми март! Месец кој секоја смисла ја сведува на жената, па и овој текст. Мотивацијата за пишување на оваа тема е што првично јас припаѓам на понежниот пол

image
/11


8-ми март веќе не  е тоа што беше!! Повеќето овој празник го третираат како ден каде што вработените ,, земаат здив,,. Да не речам слободен ден. Ден каде се оди на најразлични седенки и веселби,… буквално свадба без младоженци! Апсурдно! Колку многу пари само се трошат на овој ден! Па да не е крај на светот?!

Од друга страна пак, сето тоа е толку извештачено и пластично што празникот ја изгуби својата природа. Првенствено самите жени заборавија дека не мора да дојде 8-ми март за да излезат самите со своите пријателки и да се ослободат од секојдневните активности. Доколку би имале добра организација, би можеле секој месец да си го дозволите ова задоволство, а не да чекате цела година! Но, се во граница на можностите, нели?

Да не ги заборавам патувањата и полните автобуси кон Грција и Турција. Сите оние попусти од агенциите за незаборавен празник на жената,… кога се нудат посебни атракции меѓу кои како најголем посетите на местата каде што се снимаат турските серии кои станаа наше секојдневие. Агенциите всушност  си го полнат џебот, а на жените им го ,,перат мозокот,, како што и самите серии им го прават  тоа.

Или пак шопинзите во Солун?! Па која жена не би сакала шопинг?  Во секој случај, голем бизнис  на кој заработуваат агенциите, бутиците, парфимериите, рестораните… И? Пак  ќе прашам, каде е тука 8-ми март? Повторно извештачено, ,, напумпана,, работа, каде  што важноста на жената е сведена на минимум. Јас не гледам во ништо од ова посветеност, љубов и внимание. Туку можност, или некаков изговор, да се добие некаков скап подарок или ваучер за патување. Добро, тука веќе се самите тие виновни што го направиле празникот материјален. Кој подари поголем подарок или ваучер, тој повеќе те сака! Грешка !

Мене ме учеа како мала, дека дури и едно скромно цвеќе дадено со љубов може да ја искаже нашата благодарност до жената на која го подарувате,…дали се работи за вашата баба, мајка, сопруга, сестра…

Ситните работи ја прават смислата на животот!

Се сеќавам дека на учителката која не научи да читаме и пишуваме, и подарувавме рачно изработени картички со посвета токму за овој ден. Се трудевме кој од нас ќе направи што поголема и поубава картичка за да сфати колку ни значи и дека од срце и го честитаме празникот…

Но за жал веќе не  е така..

Како и да е , смислата на 8-ми март, како празник, е тотално изгубена!…

Друго прашање што ме засега!

Зошто еден ден во годината? Зарем жените заслужуваат толку маклу внимание? Еден ден од 365 дена?!?

Зарем не ги деградира жените што чекаат еден ден во годината да дојде и да се радуваат на едно цвеќенце или ситен подарок?

Зарем треба цела година да ја помине жената во монотонија за да и биде интересно на овој ден? Или пак,… треба да помине цела година за да си дозволи едно парче облека?! Жалосно…

Велат дека љубовта на жената е напишана на водата, а нејзината верност е нацртана на песокот! А има ли крај на водата и песокот на оваа наша планета Земја? Не тие се бескрајни и насекаде околу нас!

Жената е симбол на сите семејни вредности, темел на заедништвото, алка која го врзува семејството… Секој ден треба да и се кажува колку вреди! Единствено жената е таа која попрво на сите други би помислила, отколку самата за себе. Само жената е таа која истовремено може да биде и домаќинка, и мајка која ги воспитува своите деца, и жена со успешна кариера.

Една жена, без разлика дали тоа е вашата баба, мајка, сопруга… ни се посветува цела година и целиот свој живот. Постојано е достапна за нас и за секој наш проблем,.. Зарем не треба со иста мера да ? возвратиме? Зошто секој ден не ? се посветуваме и не ? кажуваме колку е таа битен фактор за нас?

Првенствено поради тоа што девет месеци не носела под срцето во својата  утроба и ни подарила живот! Би требало да се замислиме дали доволно им се заблагодаруваме.

Мислам дека треба секој ден треба да им се посветуваме и да ги потсетуваме колку ни вредат! Не само еден ден во годината! Туку секој ден!

…Направете го она што е наједноставното – прегрнете ја својата мајка, сопруга, баба и кажете ? колку ја сакате…

“Без жена почетокот на нашиот живот би бил без помош, средината без задоволство, а крајот без утеха” – рекол Бајрон.

Затоа драги мои, не го чекајте 8 Март! Не ви се потребни прескапи подароци за да ги направите среќни вашите сакани. Ним им е потреба вашата љубов и вашето внимание – двете најважни работи кои може да си дозволите и да им ги давате секој ден! Токму овие работи немаат цена, а се највредни и најдрагоцени! Подарете ги со насмевка и широко срце!

Вашата љубов е најголемиот подарок за една жена!

Месото со афлатоксин, многу поштетно од мл...
Ако е зголемено нивото на афлатоксин кај кравите, тогаш е зголемено и во мускулното месо, а пред се во внатрешните орган...
15
Мамичке и мене ме боли главата...
Главоболката не е резервирана само за возрасните. За жал, таа се јавува и кај децата помали од седум години
14
Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
10
Зошто семејството е добро за здравјето?
По коментарот на баба Ви дека веќе треба да сте во брак, или по забелешките на тетка Ви за Вашата тежина, лесно е да се ...
6


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Sto mislite za imeto SARA??
Rossana



Mi se dopaga (74%)

Ne mi se dopaga (26%)


Број на сите гласови: 150

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!