Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Мајка со дете на иста возраст како вашето дете
Таа те разбира идеално, бидејќи поминува низ истите фази низ кои поминуваш и ти. Со неа може да разменувате совети и искуства, да учите заедно како да бидете родители и да си помагате една на друга. Освен тоа, по потреба можете да го оставите детето во нејзини раце. Плус децата на слична возраст се дружат полесно, бидејќи наоѓаат истомисленик во игрите.
Мајка со поголемо дете
Убаво е да имаш една пријателка која ќе ти служи како пример. Таа веќе поминала низ најтешките фази на тоа да бидеш млад родител. Набљудувајќи ја како се однесува со децата и како реагира во одделни "кризни" ситуации, може да извлечеш поуки, на кои ќе се потпреш во иднина. Нејзините искуства и знаења се силно оружје што може да ти е од корист.
Мајка домаќинка
Мајка домаќинка, независно дали има деца, или не, те разбира одлично кога ќе ја прашаш како да го завршиш ручекот, кој ти остана на половина. Со неа може да си разменувате рецепти за брзи јадења, како и за вкусни и лесни десерти, трикови за чистење или за отстранување на дамки од облеката, идеи за мебел и декор дома, да разговарате за актуелните промоции во хипермаркетите и други слични теми.
Вработена мајка
Вработените мајки ќе те научат како да го распределиш времето и ќе ти докажат дека има начин да ја усогласиш кариерата со улогата на родител, под услов да имаш желба. Покрај тоа, таа ќе ти даде важни информации за градинките, занималните, дадилките и училиштата, бидејќи ограниченото слободно време ја направило свесна за овие работи. Вработената мајка е запознаена со роковите за запишување во градинка и на училиште и има правни информации поврзани со доделување на помош и детски додаток.
Пријателка без деца
Иако улогата на мајка е најважна и омилена на многу жени, убаво е од време на време да си земате краток одмор од неа. Во рок од два часа, во кои се среќавате со вашата пријателка, која се уште нема деца, може да поразговарате за типично женски теми - мода, фризури, шопинг, озборувања, без да употребувате зборови како доење, хранење и воспитување.
Пријателка која те познава од дете
Таа може да е комбинација на сите наведени досега. Уште поважно е тоа што те познава од пред да станеш мајка, ги знае твоите тајни и стравови, свесни е за твоите проблеми, ќе те ислуша при потреба, ќе ти даде совет и нема да те прекорува кога ќе и кажеш дека си уморна или имаш потреба од одмор.
забава Бремените
Автор: bobik
Водич по возрасти за лажењето кај децата
Сите деца понекогаш лажат и тоа е дел од растењето. ...
Штитната жлезда и женското здравје
Штитната жлезда можеби е мала по големина, сместена во предниот дел на...
Историја и потекло на јаболкото
Јаболкото, скромно, сочно и широко достапно има подлабока историја. Не...
Најдобрите намирници за подобрување на плодноста
Кога зборуваме за плодност, често прво помислуваме на хормони и медици...
Запушениот нос кај бебе може да изгледа како мала непријатност, но за ...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.