vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Порталот Grandparents.com спровел истражување на односот меѓу свекрвата и снаата во кое учествувале неколку илјади парови и голем број психолози, социолози и брачни советници. Така се воочени пет најчести погрешни потези кои ги прават свекрвите, а кои внесуваат немир во новата брачна заедница.
Убедливо најчеста, но и најфатална грешка која ја прават свекрвите е ненајавената посета во домот на синот и снаата.
Едноставно, јавете и се на Вашата снаа и кажете и дека би Ви било драго да ја посетите. Доволно е од време на време да ја прашате во кое време најмногу и одговара и проблемот е решен. Сите сакаме да имаме малку моќ, па не би било лошо конците понекогаш да се најдат во нејзини раце.
На второ место се наоѓа желбата на свекрвата да биде нарекувана мајка, иако на повеќето снаи им е тешко да го прифатат тоа. Проблем претставува и давањето совети кога никој не го бара тоа, а ситуацијата значително се комплицира кога свекрвата ќе го искритикува внучето пред снаата.
“Вие сте баба и треба да имате најубаво мислење за Вашите внуци. Но ако постојано ги критикувате и потенцирате дека тоа е грешка на родителите, со тоа не помагате и не правите добро дело. Бидете внимателни и конструктивни во критиките”, порачува Тери Аптер, авторка на бројни книги за воспоставување на односи со новото семејство.
Петта најчеста грешка која ја прават свекрвите е озборување на снаата пред останатите членови на семејството, првенствено пред својот син, а нејзин сопруг.
Едноставно речено – не правете го тоа.
Бидејќи во најголемиот број случаи грешките се направени од љубов, така и нивното исправање, со малку добра волја, не би требало да биде тешко. Доколку од различни причини свекрвите почувствуваат дека се запоставени, најдобро што можат да направат е отворено да разговараат со синот и снаата и едноставно да прашаат: “Што треба да направам за да ја подобрам ситуацијата?”
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...