|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

16 дена активизам против родово базирано насилство

IMIKA, 21.11.2017
Обединетите нации ќе го одбележат Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените на 24 ноември, 2017, а ќе се придружат и на глобалната кампања „16 дена активизам“, со главна церемонија што ќе се одржи на 10 декември 2017

image
/11


 

Насилството влијае врз една од три жени и девојчиња ширум светот. Со цел да ја го запре ова грубо кршење на човековите права, агенциите на Обединетите нации ќе го одбележат Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените на 24 ноември, 2017, а ќе ? се придружат и на глобалната кампања „16 дена активизам“, со главна церемонија што ќе се одржи на 10 декември 2017 – Денот на човековите права. 

Овогодинешната кампања ќе опфати низа дејства посветени на „Да го обоиме светот во портокалово: Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата“ , кои што ќе опфатат осветлување на зградата на Парламентот во портокалово, лица од различни занимања што ќе постираат пораки против насилството за да ја покажат својата поддршка на социјалните медиуми, како и организирање низа дебати и работилници ширум земјата.

Портокаловата боја е избрана за ова прашање за да симболизира посветла иднина без насилство врз жените.

Земајќи ја Вашата силна заложба за родова еднаквост, повторно Ве каниме да ни се придружите и оваа година со својата улога на важно влијание врз јавната свест и мислење.

Ве молиме да ја покажете својата поддршка и на својата публика и читатели да им кажете дека прашањето е од лично значење за Вас. Ако сте ТВ новинар, охрабрете го својот канал да го обои студиото во портокалово или пак ставете портокалов беџ од кампањата на 25 ноември кога ќе им ги претставите вестите и интервјуата за ова прашање на своите гледачи. Ако Вашиот медиум е печатен, претставете ги своите стории за ова прашање под портокалов или банер или под банерот  на кампањата.   Ако сте на радио, нагласете ја итноста да се стави крај на оваа пандемија што влијае врз милијарда жени ширум светот. Ако сте на јавен настан, носете портокалово и кажете им на луѓето зошто тоа го правите. Уредничкиот фокус врз ставање крај на насилството врз жените и девојчињата ќе ја информира Вашата голема публика, ќе насочи кон успешните пристапи за крај на насилството и ќе дава совет и поддршка за оние што го искусиле.

Подготвени сме да Ви помогнеме ако е потребно, а на нашата колешка задолжена за комуникација, Сандра Исмановски, (sandra.ismanovski@undp.org, 070 219 648),ќе ? биде задоволство да Ви одговори на секакви прашања. Можеме да помогнеме со интервјуа со стручни лица, да обезбедиме податоци и статистика и да Ве насочиме кон иницијативи за пример, со видливо влијание во борбата против насилството врз жените. 

Се надеваме дека ќе одлуките својот моќен глас да го дадете за оваа кауза и дека ќе се сложите да бидете партнер во овој глобален потфат. Кога работиме заедно, можеме да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата.

 

Со почит,

 

 

 

Луиза Винтон

Постојан координатор на ОН

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Risi - Kendi i femijeve ne gjuhen shqipe
Projekti “Kendi i femijeve” ne gjuhen shqipe ne internet faqen Ringeraja.mk u mundesua nga Ministria e Kultures se Repub...
4
Што да правите со старите и расипани елект...
Што да правите со старите и расипани електрични уреди од домот или компанијата? Јавете се на нашата ЕКО ЛИНИЈА 070 236 0...
4
Никогаш не се откажувај, твојата сила е во...
Нов ден, нова шанса, нова сила. Денес потсетете се дека секој предизвик што стои пред вас е можност да пораснете, да нау...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2




Анкета

koe ime
muce buce

ime

Mihail (49%)

Petar (51%)


Број на сите гласови: 165

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!