vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Цреши за добар сон
Сокот од цреши е идеален, ако имате проблеми со спиењето. За да се справите со несоницата, пијте чаша сок од цреши половина час пред спиење. Црешите се добар извор на мелатонин, чиј недостаток се поврзува со проблемите со спиењето.
Цреши против дијабетес
Луѓето со дијабетес не можат да си дозволат да јадат секакви плодови, но црешите се соодветни за нив. Црешите имаат низок гликемиски индекс - 22, што го прави идеален за дијабетичари.
Цреши против болести на срцето
Црешите се една од храните за здраво срце. Го намалуваат ризикот од високи нивоа на лошиот холестерол и висок крвен притисок.
Цреши за младост
Црешите се плод со најголемо количество антиоксиданси. Антиоксидансите се важни за борбата со слободните радикали. Оттука јадењето цреши ќе ве направи помлади.
Цреши за рамен стомак
Црешите се супер храна за рамен стомак. Се смета дека редовната консумација на цреши го спречува натрупувањето на масти во стомачната област.
Цреши за добра меморија
Според истражувањата црешите се многу добра храна за подобрување на меморијата. Според последните анкети редовната консумација на цреши може да го забави ризикот од развој на Алцхајмерова болест.
Цреши при болки во мускулите
Сокот од цреши е одличен начин да се справите со болките во мускулите по природен пат. Затоа, ако планирате сериозна физичка активност, јадете цреши.
Цреши против рак
Црешите се богати со бета каротен и витамин Ц. Овој коктел од корисни состојки се смета дека помага во борбата со некои видови рак. И запомнете, колку потемни се црешите толку се подобри. Причина: имаат повеќе антиоксиданси
Цреши за слабеење
Црешите се омилен плод за слабеење. Црешите содржат антоцијани кои ги активираат молекулите во телото кои го зголемуваат согорувањето на мастите и ја спречуваат нивната акумулацијата.
Гихтот се добива кога во крвта има премногу урична киселина. Тоа од своја страна доведува до отекување и воспаленија. Според анкетите 2 чаши свежи цреши дневно го намалува количеството урична киселина во крвта за 15%. Според други истражувања истите бенефиции ги има и во сокот од цреши.
3
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Природни начини за ублажување на настинка и грип
Топлите напивки, одморот и доволниот внес на течности можат да помогна...
Овес, хељда, киноа, јачмен и интегрален ориз се само дел од житарките ...
Свежо, замрзнато или варено. Што е најздраво?
Дали свежото овошје и зеленчук секогаш се поздрави од замрзнатите или ...
Дали мокрењето по однос спречува бременост?
Мокрењето по сексуален однос не спречува бременост. ...
Колку често треба да се капе новороденчето?
Новороденчето не мора да се капе секој ден. ...